Маж во Гвинеја почина од вирус сличен на ебола, СЗО бара брзо да се запре ширењето
Објавено во: Свет, Корона Вирус 10 Август, 2021 18:20
Здравствените власти во Гвинеја го потврдиле првиот случај на исклучително смртоносен вирус Марбург, што е сличен на ебола. Ова го потврдија од Светската здравствена организација.
Пациентот е лекуван во локалната болница кога неговата состојба одеднаш се влошила, по што тој починал. Во моментов се работи на пронаоѓање на неговите контакти во делот на земјата кон границата со Либерија и Брегот на Слоновата Коска со цел да се запре ширењето на вирусот.
„Вирусот Марбург има голем потенцијал за ширење, што значи дека мора да го запреме што е можно поскоро“, изјави регионалниот директор на СЗО за Африка, Матсидисо Моети.
Првиот случај во Гвинеја беше потврден минатата недела, само два месеци откако земјата прогласи крај на епидемијата на ебола, од која годинава починаа 12 луѓе.
Првпат Марбург е идентификуван во Западна Африка, а од 1967 година од овој вирус имало 12 големи епидемии, претежно во Јужна и Источна Африка. Стапката на смртност од Марбург варираше од 24 до 88 проценти во минатите епидемии, во зависност од видот на вирусот и управувањето со кризи.
Вирусот се пренесува преку крв и секрети. По инкубацијата, која може да трае до шест дена, болеста започнува со висока температура, болки во мускулите и општа слабост, што доведува до големо оштетување на органите и е со честа смртност.
Над 200 луѓе починале од појавата на вирусот Марбург во Ангола во 2005 година, пишува Би-би-си.
foto AP
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат





