МБИ10 Индексот по недела на искачување достигна нов рекорд
Објавено во: Финансии 14 Март, 2018 10:47
МБИ10 Индексот на Македонска берза во кој се содржани хартиите од вредност на десетте најуспешни компании кои се котирани, по една недела на искачување го достигна врвот и постави нов рекорд со тоа што за прв пат вредноста се искачи над 2850 индексни поени.
Со тоа МБИ10 Индексот го надмина ланскиот врв кој изнесуваше нешто над 2700 индексни поени, како и годинешниот највисок стадиум од 2841 индексни поени поставени на почетокот на февруари откако исто така бележеше постојан раст во текот на јануари, но потоа следуваше подолг период на „црвено“ и пад на вредноста на повеќе акции.
Со 2852,64 индексни поени МБИ10 Индексот има среќна среда на Македонска берза и од петти март наваму постојано е над границата од 2800 индексни поени. Во текот на вчерашниот ден дури осум компании на Македонска берза имаа раст на вредноста на акциите, а беше остварен вкупен промет од 1,2 милијарди денари. Пазарот на акции постигна вредност од 140,9 милијарди денари.
Пазарната капитализација на компаниите од МБИ10 Индексот на Македонска берза сега е проценет на 87.1 милијарди денари, што е за речиси една милијарда денари повеќе во однос на февруари кога се бележеше падот на акциите.
Х.С.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





