18 Декември, 2025
0.2440

„МЕ УДИРАШЕ И МЕ ЗАКЛУЧИ“: Сведочењето на Росица во Обвинителството за малтретирањето од Илија

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2025 15:22

Добивај вести на Viber

Росица Коцева и убиецот Илија Стефановски биле разделени од октомври 2024 година, но имале повремена комуникација - ова го пишува во исказот кој жртвата го дала во обвинителството на 9 септември, неколку дена пред да биде извршено двојното убиство и самоубиството. 

Во исказот, таа наведува дека и покрај разделбата биле во повремена комуникација, а на крајот на декември лани, тој ја повикал да одат заедно во Бугарија, бидејќи го познавала добро бугарскиот јазик, што прифатила, а со цел да му помогне во завршувањето на неговите обврски. 

„По завршувањето на обврските во Софија, на враќање кон Скопје, во еден момент настана караница помеѓу нас од причина што истиот бараше повторно да ја обновиме нашата врска, но од моја страна имаше негодување од неговото такво барање, при што во еден момент пробав и да ја отворам вратата од автомобилот, а тој се обрати кон мене со зборовите „или ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“. По ова продолживме на пат кон Скопје и притоа додека си одевме истиот побара од мене да ја поминам ноќта кај него во Скопје“, сведочела Росица. 

Таа пред обвинителството кажала и дека прифатила, но само доколку Илија ја повика неговата мајка или нејзиниот татко.

„Сепак штом пристигнавме во Скопје, поточно во Ѓорче Петров каде што живее Илија, истиот ја повика неговата мајка, но во истиот момент почна со малтретирање кон мене, при што истиот ме удираше по целото тело, ме заклучи во неговиот дом, но не можам да се сетам колку време бев затворена, со оглед да немав ни телефон со мене, ни часовник, за да се ориентирам колку време сум затворена. Исто така почна насилно да се однесува кон својата мајка, така што физички ја оттргнуваше од мене, а од моја страна истата беше молена да викне полиција, но и нејзиниот телефон беше одземен од негова страна и беше спречена да повика помош“, рекла Росица пред обвинителот. 

Утредента, го убедила дека доколку ја пушти, ќе побараат помош да им успее врската, па така се сложил да ја ослободи. Настанот го пријавила по 2-3 дена во полициска станица во Ѓорче Петров, од каде ја препратиле во Кисела Вода, каде го пријавила настанот, а поради траумите и повредите, се јавила и на Ургентен центар во Велес.

Можеби ќе ве интересира

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето