05 Декември, 2025
0.0468

Мед или шербет! Што се продава покрај патот Кичево Охрид?

Објавено во: Агробизнис 03 Јануари, 2013 15:42

Добивај вести на Viber

Со цел да се спречи продажбата на производи кои се декларираат како мед, а не ги задоволуваат стандардите, Агенцијата за храна и ветеринарство ги засили инспекциските контроли на производителите, преработувачите и трговците со мед.
 Во координирана акција со Министерството за внатрешни работи, на патниот правец Кичево -Другово, а по претходна дојава од граѓанин, инспекцијата спроведе акција за прекинување на синџирот производители, дистрибутери и продавачи на фалсификуван мед. Како што посочуваат од Агенцијата, во две возила биле пронајдени 240 тегли фалсификуван производ, кои требала да се продаваат на патниот правец Кичево - Охрид. Неправилности се утврдени и кај компанија од Кичевско која на истиот патен правец, спротивно на одредбите од Законот за безбедност на храната, продавала фалсификуван мед на кој стоеле етикети "Кралска храна" и "Љубовен еликсир". Со ваквиот начин на продажба на небезбедни производи, оваа компанија свесно ги доведувала потрошувачите во заблуда дека купуваат мед, иако со лабораториските анализи извршени во акредитирана лабораторија, е потврдено дека не станува збор за мед, посочуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Од запленетиот мед земени се мостри за анализа, а против сторителите на овие прекршоци ќе бидат поднесени соодветни пријави и санкции.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?