Медиумите продолжуваат со работа по воведувањето на дигитализацијата
Објавено во: Мои пари 29 Мај, 2013 15:25
Сите постоечки медиуми продолжуваат со работа по воведувањето на дигитализацијата, а денеска ги добија и дозволите за вршење радиодифузна дејност за телевизиските програмски сервиси преку дигитален терестеријален мултиплекс.
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски потенцира дека дигитализацијата значи исчекор за професионализација на медиумските стандарди.
- Ниту еден од постоечките медиуми нема да згасне со процесот на дигитализација. Напротив, сите продолжуваат со работа со повисоки професионални стандарди, а имаме и еден медиум кој од регионален прерасна во национален. Македонија стана првата земја во регионот која го воведува дигиталниот сигнал од 1 јуни, што претставува значаен исчекор за професионализација на медиумските стандарди. Очекуваме медиумскиот сектор квалитативно да се развива, да поттикне нови вработувања, а истовремено медиумите да станат конкурентни на пазарот. Исто така, очекуваме поголема транспарентност во работењето на медиумите, рече во своето обраќање министерот Ивановски на доделувањето на дозволите.
Тој уште еднаш ги повика сите субјекти во медиумската област да продолжат да даваат предлози и сугестии за Нацрт-работната верзија за Законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги, со цел да се дојде до квалитетна финална верзија на ова законско решение.
Процесот на дигитализација почнува од сабота. Операторот ОНЕ технички е целосно подготвен за спроведување на дигитализацијата. Од вкупно 61 телевизија во целата држава 60 телевизии побараа промена на дозволата од СРД за премин од аналогно во дигитално емитување. Од нив 30 телевизии ќе емитуваат програма преку операторот ОНЕ, а 30 на локално ниво
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





