Медиумите бележат напредок во известувањето - пријави за три телевизии
Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2016
Mедиумите постигнале напредок во квалитативниот баланс во известувањето во третиот десетдневен период 22 септември до 1 октомври.
Ова го констатираше привремената Комисија за следење на медиумското претставување. Комисијата гласаше да не се покренат прекршочни постапки против медиумите според членот на Изборниот законик со кој се регулира балансираното известување.
Со мнозинство од тројца членови, Комисијата гласаше да се поведат прекршочни постапки против телевизиите Сител, Алфа и Нова, врз основа на членот 75-б од законот, кој регулира известување за настани на институциите кои може да се разберат како активности на политички партии. Поведувањето на постапките е поради емитувани прилози од настани на партијата ВМРО-ДПМНЕ.
За Алфа и Нова ова е прво поведување прекршочна постапка по овој основ и може да води до нивна опомена од страна на судот, а за Сител телевизија се работи за втора постапка и може да води до парична казна.