09 Октомври, 2024
0.0261

МЕДВЕДЕВ: Испраќањето британски војници во Украина значи објава на војна на Русија

Објавено во: Свет 12 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев го предупреди Лондон дека испраќањето британски војници во Украина значи објава на војна на Русија. 

Вели дека британската страна ќе ги понесе последиците од таквиот потег. Лондон ветил зголемувње на финансиската помош на украинската војска за купување на нови борбени дронови ракети со кои може да се гаѓа руската територија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и британскиот премиер Риши Сунак, кој е во посета на Киев, потпишаа билатерален безбедносен договор. Како што кажа украинскиот претседател, „обврските на Велика Британија според овој документ ќе останат во сила додека Украина не се приклучи на НАТО“.

Договорот се однесува на размена на разузнавачки информации, соработка во областа на сајбер безбедноста, обука на лекари и воен персонал, како и соработка во одбранбената индустрија. Дополнително, договорот ќе ја обврзе Обединетото Кралство да се „консултира со Украина“ во случај на нов конфликт со Руската Федерација и да му обезбеди на Киев „брза и долгорочна поддршка“ во одбранбените прашања.

Сунак најави и пакет воена помош од 2,5 милијарди фунти за Киев. Велика Британија ќе испорача дополнителни проектили со долг дострел, противтенковско оружје и артилериски гранати како дел од пакетот воена помош за Украина во 2024 година. Тој вети дека ќе ја пренесе во Украина најголемата серија беспилотни летала што „странските држави некогаш ја пренеле во Украина“. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари. 

Можеби ќе ве интересира

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?