06 Октомври, 2024
0.0263

Меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки

Објавено во: Македонија 24 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Годинава, на Природно-математичкиот факултет во Скопје, по втор пат ќе се одржи Меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки. Конференцијата е во организација на Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), а како коорганизатори на настанот се јавуваат институтите за математика и физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје и Сојузот на математичарите на Македонија (СММ).

Во периодот од 27 до 28 септември, во две посебни секции, близу 300 учесници ќе учествуваат во работата на конференцијата со свои презентации, дискусии и дебати. Најголемиот број учесници се наставници по математика, физика и природни науки од основните и средните училишта во државава, но и од соседните држави, како и одделенски наставници. Исто така, ќе учествуваат и колегите од државните универзитети во Македонија. 


Поканети се еминентни имиња од областа на методиката на наставата по математика и физика од Србија, Хрватска, Бугарија, Словенија и Босна и Херцеговина, кои во текот на двата дена ќе ги пренесат своите согледувања и резултатите од научните истражувања поврзани со новите методи и иновативните пристапи во наставата, наставните програми, реформите на образовните системи, искуствата од работата во кроењето на образовните политики, историските согледувања за развојот на природните науки и математиката и поединечни пристапи кон обработката на наставните содржини. Во најголем дел ќе стане збор за личните искуства на наставниците кои се залагаат за изнаоѓање решенија за сите проблеми кои години наназад го следат образовниот систем во нашата држава.

Во текот на дебатите планирани во двата дена, ќе се согледаат состојбите и предизвиците во образованието кај нас, а донесените заклучоци ќе бидат доставени до сите релевантни институции. Со истата намена веќе е испечатен и Зборникот на трудови од конференцијата, во кој може да се најдат 65 податливи текстови за разните аспекти на образованието и искуствата кај нас и во странство.

Во оваа прилика, организаторите ја користат можноста најискрено јавно да му се заблагодарат на генералниот поддржувач на конференцијата, Просветно дело АД, Скопје, без чија помош немаше еднакво успешно да се подготват сите аспекти на претстојната конференција.

На свеченото отворање на конференцијата своето присуство го најавија претставници од Министерството за образование и наука, од Бирото за развој на образованието и од други институции директно вклучени во образовниот систем.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил