08 Октомври, 2024
0.0257

МЕЃУНАРОДНИОТ СОЈУЗ НА БОКИ 13: Никој не е повикан од органите на прогонот за никакво незаконско работење

Објавено во: Македонија 06 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Се огласија во соопштение во јавноста од Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13, кој е во притвор за случајот „Рекет“. 

Потпретседателката на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13, Јасна Ерцеговиќ, пишувањата во медиумите дека средствата кои ги прибрале за хумани цели не ги искористиле за наменета ги нарече шпекулации.

Додава дека до денеска никој од Меѓународниот сојуз не е повикан од органите на прогонот за никакво незаконско работење. 

Таа тврди дека хонорарот пристигнат на сметката на Лилјана Тодоровска, еден од координаторите и идеен творец на проект, веќе била цел на истрага од Финансовата полиција и Обвинителството по што се утврдило дека транскацијата е во рамките на позитивните законски прописи и истрагата била сопрена.

Но, Лилјана Тодоровска веќе кажа дека е измамена и ограбена откако на нејзино име во банка легнале 720 илјади евра кои веднаш ѝ ги зеле од Меѓународниот сојуз.

„Меѓународниот сојуз стапи во соработка и склучени се договори со две реномирани домашни друштва. На тој начин за прв пат во земјава е создадено приватно невладино партнерство. Паричните средства стигнати на сметките на координаторите на проектите се искористени исклучиво за остварување на целите на Меѓународниот сојуз и исполнување на договорите склучени со партнерите“, пишува во соопштението на Ерцеговиќ.

Временското доцнење во остварувањето на целите на организацијата, како што вели Ерцеговиќ, е исклучиво од објективни причини, а никако по вина на кооординаторите.

Можеби ќе ве интересира

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот