19 Декември, 2025
0.0454

Меѓу хаосот и Grexit

Објавено во: Балкан 10 Јули, 2015 08:43

Добивај вести на Viber

Што ќе се случи во непосредна и далечна иднина со Грција? "Затегнатост" на долгот, трет спасувачки пакет, Grexit, нова помош - голем број на опции се на маса, се повлекуваат, а потоа повторно се ослободуваат од нафталин. Ќе дојде ли до договор, или до хаос - германскиот економски весник Handelsblatt прави преглед на трите според него најчести сценарија за земјата. Сценарио 1: Спасување во последната секунда Досега грчкиот премиер Алексис Ципрас често ги збунуваше замислите на останатите 18 лидери на еврозоната. Можеби најсериозниот судир беше референдумот во кој ги охрабри Грците да гласаат со "Hе" за предлозите на доверителите по спасувачката програма. Дали Ципрас нема да ги изненади позитивно своите партнери во еврозоната? Во сојузната влада принципиелно остануваат скептични. На крајот на краиштата Ципрас едвај ќе може по референдумот да прави компромиси кои не ги презеде и пред него. Ситуацијата му стана уште потешка поради очекувањата на грчкиот народ, сметаат во Берлин. Од друга страна, ситуацијата во Грција станува се посериозна. Банките се затворени веќе две недели. При недостаток на перспективи за нова спасувачка програма тие едвај може да отворат повторно. Можеби затоа грчкиот премиер е подготвен да ги прифати предлозите за реформи и буџетски заштеди. Меѓутоа тој ќе има потреба и од попусти на доверителите, кои ќе може да ги прогласи во татковината за победа. Најверојатно тоа би биле олеснувања во однос на долгот на земјата. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предложи отплатата на веќе обезбедените итни заеми да биде одложена за уште десет години. Грција ќе мора да почне да ги гасне дури по 2030 година. Во прилог се предлага рокот на кредитите да биде продолжен значително - до 40 години. Многу земји од еврозоната, меѓу кои и Германија, се противат на такви отстапки. Ако воопшто дојде до таква опција, тие инсистираат првично Ципрас да ги реализира неопходните реформи. Со оглед на заканата за Grexit, барем Франција покажува флексибилност. Премиерот Мануел Валс изјави дека "реструктуирањето не може да биде табу". "Франција е убедена дека не може да ризикуваме со излез на Грција од еврозоната", рече Валс. И претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер предупреди дека не треба да се дојде до Grexit. Иако сè уште постои шанса за договор, особено ако Грција и претстави на европските партнери нова програма за реформи, за да ги убеди да ја отворат повторно тапата на финансиската помош и да ја остават земјата во еврозоната. Ако програмата е задоволителна, европските лидери би можеле официјално да го објават почетокот на преговори за овој нов план во неделата на вонредна средба на врвот на 28-те во Брисел, бидејќи последиците од грчката криза се водат и надвор од еврозоната. Потоа сепак останува уште една сериозно пречка. Во шест земји од еврозоната парламентите треба да одобрат сличен спасувачки план. Во Германија Бундестагот дури треба да даде посебен мандат на сојузниот министер за финансии Волфганг Шојбле, за да може тој официјално да преговара. А дури и меѓу владејачкото мнозинство има сериозен отпор. Довербата кон Ципрас и неговата влада во Германија е наклонета кон нула. Покрај тоа, голем број претставници на Владата и на големата коалиција ги интерпретираат резултатите од референдумот во Грција како генерално откажување од логиката на спасувачките програми на еврозоната, кои во замена за помош предвидуваат строги реформи. Затоа Меркел треба да е доста убедлива, за да успее да ја договори поддршката во Берлин. Сценарио 2: Grexit Ако грчките власти не обезбедат листа на реформи, или тие не се задоволителни, самитот на ЕУ во Брисел може да се претвори во вонредна седница, поставувајќи ги основите на излегувањето на Грција од монетарната унија. Трпението на Европејаните ќе биде готово, и тие може да прогласат официјално дека нема основа за нова спасувачка програма за Грција. Вината ќе биде кај Ципрас. Освен тоа раководителите би можеле, барем меѓу редови, да и препорачаат на Европската централна банка да си ги направи потребните заклучоци. Без изгледи за нова спасувачка програма управителот на ЕЦБ Марио Драги и останатите централни банкари би можеле да го прекинат напојувањето на грчкиот банкарски систем со свежи пари. Сепак Драги не е склон да зема еднолични решенија. Тој постојано изјавува дека станува збор за политичка одлука што треба да ја преземат премиерите на земјите членки. Затоа тие треба не само да го утврдат неуспехот на преговорите, туку и да преземат одговорност за последиците. Првото би било банкротот на грчките банки, а со тоа - и на државата. А сето ова ќе доведе до Grexit. Сценарио 3: Grimbo Влади не заземаат јасна одлука за иднината на земјата. Сценариото "Grimbo" - мешавина од "Greece" и "Limbo" - како израз за нешто што се оддолжува, е најверојатно, бидејќи никој не верува дека по изолирачкото "Не" на референдумот во неделата Ципрас ќе е склон да приложи тешки реформи. Освен тоа останатите државни раководители нема да имаат тенденција да се формулира јасно откажување од понатамошни преговори. Ова ќе направи потешка ситуацијата за гувернерот на ЕЦБ Марио Драги и неговите колеги во Советот. Бидејќи финансиската состојба на грчките банки и на економијата како целина се влошува од ден на ден. До 20 јули, кога е денот за исплата на кредит во износ од 3,5 милијарди евра на ЕЦБ, банката ќе мора некако да објаснува зошто ги снабдува грчките банки со свеж капитал. Потоа ЕЦБ ќе треба да ја формулира несолвентноста на земјата и да не ги прифаќа грчките обврзници како залог. Следствено на тоа, грчките банки ќе се урнат, ако во овој момент не се постигне изненадувачки европски договор. Грчката влада ќе мора да почне да печати сопствена валута или да ги плаќа платите, пензиите и сметки со должнички обврзници - комерцијални хартии од вредност (краткорочни обврски од тип IOU), но сеуште да го задржи и еврото како платежно средство. Овие IOU ќе се амортизираат брзо во однос на еврото. За Грците ова сценарио ќе е особено болно, а најдоцна наесен ЕУ ќе треба да обезбеди хуманитарна помош. Можеби тогаш ќе се достигне до времето во кое повторно ќе може да се преговара - или за нов спасувачки механизам, или за контролирано излегување од еврозоната. Обработка: К.К. Извор: Handelsblatt

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен