Меѓународен повик за иновации на Телеком групацијата
Објавено во: Мои пари 15 Март, 2013 13:12
Групацијата Телеком распиша меѓународен повик за иновации, со кој овозможува победничката идеја да се развие во производ користејќи ги ресурсите на компанијата во вредност од 500.000 евра.
До 31 овој месец свои онлајн идеи во категориите: поврзан дом, услуги за комуникација, енергија, виртуелна платформа и сloud computing може да достават сите заинтересирани поединци, студенти, тимови, компании, но и вработени во Дојче Телеком и неговите подружници на страницата www.telekom-innovation-contest.com, соопшти Македонски телеком а.д. Скопје.
По интензивен преглед и лична презентација на идејата, победниците ќе бидат избрани од страна на меѓународно жири. Концептот потоа ќе се претвори во производ или прототип заедно со експертите од Групацијата Телеком.
Телеком обезбедува ресурси во вредност од 500.000 евра за развој на идејата. Тоа вклучува хардвер и софтвер, пристап до обемната инфраструктура на Телеком, и пристап до продажните и маркетинг канали на Групацијата. Ќе бидат вклучени и бизнис експерти, кои ќе помогнат во подготовката на конкретен бизнис план за производот. Предвидени се награди и за оние кои ќе се пласираат на второто и третото место.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност





