Добивај вести на Viber
Меѓународен саем за широка потрошувачка Агрофуд 2012 на кој се претставени најновите земјоделски машини, насади и вештачки ѓубрива, како и достигнувања во органската храна се одржува од денеска до сабота на Скопскиот саем.
Саемот се простира во две хали на површина од 5.000 метри квадратни, а за првпат годинава е поставен и Слоу фуд Македонија каде ќе се подготвува традиционална здрава храна, а ќе се претстават 12 конвивиуми од Македонија.
Саемот го отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски кој меѓу другото истакна дека Македонија има со што да се пофали кога станува збор за земјоделството и оти македонските земјоделски производи се одликуваат со одличен и посебен квалитет. Потсети дека заедно со земјоделците за првпат е донесена петгодишната програма за поддршка за земјоделство и рурален развој во која е проектирано годишно зголемување на субвенциите за земјоделците или вкупно за пет години планирани се 725 милиони евра субвенции.
- Тоа претставува голем влог во македонскиот земјоделец и влог во македонското земјоделство. Но, истовремено тоа дава резултати затоа што преку веќе доделените субвенции во изминатите години го стабилизиравме и подигнавме македонскиот сектор, преку доделувањето на слободното државно земјоделско земјиште го зголемивме земјоделското производство, го подигнавме квалитетот на македонските земјоделски производи и го зголемивме нивниот пласман на странските пазари, рече Димовски.
За поголема препознатливост и афирмација на македонските земјоделски производи изработена е и посебна програма за настап на најзначајните светски саемски манифестации. На овој саем прв пат беа доделени и и награди за најпроактивен земјоделец во категориите житни култури, производство на грозје и овошје, сточарство, раноградинарско и органско производство. Наградените добија по 150 илјади денари, средства што ќе може да ги искористат за купување земјоделска механизација или како обртен капитал.
За време на саемската манифестција планирано е да се одржат и трибини и работилници, како и презентација за законските измени за легализација на регистрација на трактори, како и за адаптација на земјоделството кон климатските промени.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: