05 Декември, 2025
0.0464

Меѓународни компании заинтерсирани за прилепскиот Тутунски комбинат

Објавено во: Економија 15 Декември, 2012 19:36

Добивај вести на Viber

Интерес за влез во прилепскиот Тутунски комбинат имаат две меѓународни, а веќе се бара стратешки партнер  и за фабриката „Еурокомпозит“,информира денеска премиерот Никола Груевски.

- Има интерес од две меѓународни компании, од кои едната е позната мултинационална компанија, и се разгледуваат различни модели, изјави Груевски одговарајќи на новинарски прашања по почетокот на градежните работи за изградба на Технолошко-индустриска развојна зона Алинци кај Прилеп.

Премиерот не го соопшти името на познатата мултинационална компанија со која се разговара за влез во Тутунскиот комбинат, но укажа оти од нивна страна се предлага да се формира компанија со заедничко вложување со државата и на тој начин да се подобри состојбата во комбинатот. По подобрување на состојбите, како што рече, тие би сакале да разговараат за целосно преземање. Сеуште сме во разговори и доколку завршат со успех тоа ќе биде добро за Тутунскиот комбинат и за луѓето што работат таму, рече Груевски.

Според премиерот, се преземаат активности и за стратешки партнер за Еурокомпозит за што вчера е објавен меѓународен јавен повик.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката