05 Декември, 2025
0.0651

Земјоделците се надеваат на помош од Владата за откуп на пченицата

Објавено во: Агробизнис 06 Август, 2013 10:59

Добивај вести на Viber

Мелничарите не го почитуваат договорот за откуп на пченицата, плаќаат по 11 до 12 денари за килограм, а квалитетот најчесто го проценуваат паушално наместо според хектолитарската маса на зрното, велат земјоделците.

Тие денеска или најдоцна утре очекуваат Владата да донесе одлука за интервентен откуп на 8.000 тони лебно жито.

- Владата повторно ќе ни излезе во пресрет. Но, пченица за откуп во овој случај може да понудат само производителите што имаат засеано до 15 хектари, вели претседателот на Сојузот на земјоделците Вељо Тантаров.

На неодамнешната средба во Свети Николе на која присуствуваше и ресорниот министер Љупчо Димовски беше договорено пченицата да се откупува во три класи по 13, 14 и 15 денари. На последниот состанок, пак, одржан пред десет дена, преработувачите, како што информира Тантаров, се обврзале да откупат уште по 20 отсто од веќе преземените количини.

Земјоделците од министерот Димовски побараа годинашните субвенции да им бидат исплатени пред сеидбата.

Приносите годинава се под очекувањата поради високите температури во јуни, досега се откупени околу 60 отсто, а уредбата за условен увоз од Србија останува во сила додека не се стабилизира домашниот пазар.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?