Мелничарите се соочуваат со огромни залихи
Објавено во: Агробизнис 15 Јануари, 2013
Укинувањето на владината одлука за условен увоз на брашно со претходен откуп на домашна пченица го доведе во прашање опстанокот на мелничарите.
Тие, како што рекоа на денешниот состанок во Стопанската комора, имаат огромни залихи зашто во земјава најмногу се продава увезеното брашно од Србија кое е поевтино за шест до девет денари од домашното.
Според Николчо Георгиев од „Макмлин“, претседател на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија во Комората, доколку не се преземат соодветни мерки, ќе остане неоткупена годинашната пченица чие производство е поголемо за 20 отсто од лани.
- Досега имавме разбирање од Владата и секогаш и излегувавме во пресрет особено за време на жетвата. Очекувавме мерката што беше укината на 1 ноември 2012 да трае до Нова година или најдоцна до март 2013, нагласи Георгиев.
Преработувачите кои предупредија дека секој ден буквално се затвора по еден млин во Македонија, ќе бараат поголема контрола на увезеното брашно и воведување маркички за произведено декларирано и увезено брашно.
Последните податоци од Стопанската комора покажуваат дека од 1 ноември лани кога беше укината владината заштитна мерка до денес се увезени 12.000 тони пченично брашно главно од Србија, но се смета дека во земјава доаѓаат количини и од Косово и БиХ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.