Мелничарите со низа барања до Владата
Објавено во: Агробизнис
03 Јуни, 2013
Добивај вести на Viber
Мелничарите побараа слободен увоз на пченица во текот на целата година. Пред стартот на жетвата тие го упатија ова барање до надлежните со желба да им се дозволи навремен увоз на евтина пченица за да има и производство на поевтино домашно брашно. Ограничениот врзан увоз претходно Владата го воведе за да ги поттикне мелничарите прво да ја откупат домашната пченица.
Инаку денеска мелничарите побараа Владата да им плаќа за 100% повисока цена за чување на државната пченица, за да можат да ги покријат трошоците. Тие ова барање го правдаат со двојно зголемените трошоци што ги имаат за чување на пченицата во нивните силоси.
Како посебен проблем тие ја посочуваат и мерката за задолжителната употреба на апаратите за мерење на влажноста на пченицата и бараат одложување на нејзината примена.
Оваа година се очекува плодна жетва и приноси од 3 до 4 тона од хектар. Од засените 90.000 хектари, производството се проценува на 280.000 тони. Од тие количини мелничарите ќе откупат околу 100.000 тони. Сепак, и годинава како лани се очекува увоз од околу 150илјади тони пченица. Ова е двојно поголем увоз од тој во 2011 година кога беа внесени само 78.000 тони пченица од странство.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.