05 Декември, 2025
0.0405

Мелничарите со предлог – како до поевтин леб

Објавено во: Агробизнис 24 Август, 2013 20:10

Добивај вести на Viber

Само ако се забрза откупот на домашната пченица, а веднаш потоа се укине мерката за ограничен увоз, но само за пченицата, но не и за брашното, тогаш може и лебот да поевтини. Вака за телевизијата  24 Вести коментираат мелничарите. Според нив, ако мерката за ограничен увоз на брашно остане се додека не се ослободат од залихите, ќе доведе до намалување на цената на лебот. Вака, посочуваат претставниците од секторот,  ќе може навреме да увезат поевтина пченица и заедно со онаа од дома да произведат конкурентно брашно. Според пресметките веќе околу 90 % од домашното жито е откупено. Засега нема најави кога условениот увоз на брашно и пченица ќе биде укинат од страна на Владата. Реакциите од Србија, со оглед на фактот што тие се најголемите уввозници на брашно и пченица во земјава не стивнуваат, но засега и тие тактизираат со роковите. Заканите од Србија се дека ако Македонија го отежнува влезот на нивното жито, тогаш тие ќе го условат влезот на зеленчукот и виното од македонско потекло. Од министерство за земјоделство пак најавуија дека заштитната мерка од македонска страна ќе трае се до стабилизирање на пазарот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?