29 Април, 2024
0.0322

Мелничарите загрижени, евтиното српско брашно ја преплави Македонија

Објавено во: Агробизнис 17 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Мелничарите се жалат дека со предвременото  укинување на мерката за условен увоз на брашно од страна на Владата, се доведени во тешка положба, јави Телма. Мелничарите велат во земјава влегува српско брашно по цена од 14 денари за килограм. „Не можеме да бидеме конкурентни на оваа цена затоа што кога пченицата на регионалниот пазар чинеше 11 денари за килограм, ние го откупувавме домашното производство по препорачаните 13 до 14 денари, велат мелничарите за Телма. „Освен тоа што бараме субвенции за секој килограм пченица откупен над 11 денари, наше основно барање е да видиме како ќе одговориме на цената на српското брашно кое влегува во Македонија. Прашањето е што да направи мелничката индустрија со помош на Владата за да може да одговориме на тие цени и со тоа да опстане оваа индустрија и во иднина да се произведува пченица во Македонија“, истакна  Николчо Георгиев, претседател на Здружението на мелничка индустрија кој додава дека биле затечени од одлуката на Владата предвреме да ја укине мерката за условен увоз на брашно. Како што веќе пишуваше Фактор, по укинувањето на мерката за условен увоз на брашно, извозниците на брашно за македонскиот пазар се поредија на границите. Според црното сценарио на мелничарите укинувањето на мерката за условен увоз на брашно  доведе до тоа македонскиот пазар да се преплави со евтино увозно брашно. Според информации од мелничарската индустрија,редици камиони со брашно од Србија се на граница и чекаат за влез во земјава. Се работи за околу  над 10.000 тони српско брашно, и тоа за почеток, а допрва ќе следуваат уште поголеми количини. Мелничарите се во паника, објави Фактор.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?