05 Декември, 2025
0.0407

МЕЛНИЧКАТА ИНДУСТРИЈА ПРЕД КОЛАПС: Намалени приноси, зголемен увоз на пченица и брашно!

Објавено во: Агробизнис 09 Јуни, 2015 08:12

Добивај вести на Viber

Приносите од пченица годинава ќе бидат намалени за околу 20 отсто. Потфрлувањето на приносите е како последица на поплавите кои годинава ја зафатија земјава и нанесоа големи штетите на родот особено во најголрмета житница, Пелагонија. Засега нема проценки дали освен во количината ќе има потфрлување и во квалитетот на родот, а мелничарите не сакаат да коментираат ниту за годинешната откупна цена на лебното зрно. Од Стопанската комора на Македонија велат дека намалените приноси нема многу да влијаат врз откупната цена но очекуваат да се зголеми увозот на пченица. -Од поплавите најпогоден беше пелагонискиот регион. Државата вети дека земјоделците кои претрпеа штети комлетно ќе бидат обештетени. Очекуваме дека намалувањето на приносите ќе биде за околу 20 отсто  и тоа нема многу да влијае во делот на откупот, затоа што знаеме колкави се потребите, 50 проценти од пченицата што ја користиме за производствона брашно е домашна а другото доаѓа од увоз.Намалувањето на приносите делумно ќе се компензира со зголемување на увозот на пченица што очекувам да биде минимално, вели Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија. Според статистичките податоци производството на  пченица и приносите по хектар од 2008 година се намалува. Бројките покажуваат дека во 2008 година производството изнесувало 291.719 тони, а во 2013 година е намалено на 258.960 тони. Во тони                кг/ха 2008       291 719                3 414 2009       271 117                3 076 2010       243 137                3 044 2011       256 103                3 346 2012       214 963                2 696 2013       258 960                3 198 Податоците од Стопанската комора покажуваат дека од вкупните количини пченица кој мелниците во Македонија ги преработуваат, околу 60% е увозна, а 40% домашна откупена пченица. Мелничката индустрија пред колапс, двојно зголемен увозот на брашно   Од 2012-та година увозот на пченица расте, но со многу поголема динамика се зголемува увозот на брашно. Податоците покажуваат дека од 2011 година до лани увозот на брашно двојно се зголемил,а увозот на пченица бил најголем во 2012 –та година кога изнесувал дури 120.455 тони, пченица која била наменета за стоковите резерви. pcenica. Според податоците од Стопанската комора домашните потреби за брашно изнесуваат 13.563 тони месечно или преку 30 илјади тони пченица. 65 проценти од потребното брашно го произведуваат македонските мелници, а остатокот од 35 отсто се увезува. Мелничарите работат со намален капацитет а дел веќе ги затворија погоните. - Најголема опасност на Мелниците во Македонија е нивната неконкурентност  или неможност да конкурираат со цените на брашното од увоз, со што директно се загрозени и земјоделците.Причини за тоа се не-пазарните цени на домашната пченица како и нејзиниот квалитет.Во одредени периоди во годината цената на увозната пченица се доближува многу блиску до цената на увозното брашно што дополнително создава проблеми на мелничката индустрија, вели  Ристовски. Статистичките податоци покажуваат дека за увоз на жита и житни производи во 20011 година се потрошиле над 75 милиони евра, следната 2012-та за истата намена се одлеале повеќе од 90 милиони евра, а во 2013-та година близу 74 милиони евра. Само во првите три месеци од годинава во земјава од увоз влегле 7.861 тони брашно и 13.382 тони пченица, најголем дел од Србија. Зошто мерките за домашното производство не дадоа ефект? Владата спроведе неколку мерки за заштита на домашното производство на пченица и брашно. Се воведе условен увоз на брашно и пченица во сооднос 4/1 и 3/1, контролни маркици за пуштање на брашно во промет од домашно производство но и од увоз, се подготви Правилник за контрола на квалитет на брашното од домашно производство и од увоз. - Со условниот увоз резултатот е скапо купена домашна пченица со низок квалитет и не ревалоризирана со профит преку брашното. Тоа е последица од неодржување на времетраењето на условниот увоз со што на нашето скапо и неконкурентно брашно му конкурира ефтиното  брашно од увоз. Со воведувањето на контролните маркици не се контролира рокот од 30 дена од датумот на издавање при увоз на брашното, што значи дека воведувањето на контролните маркици како заштита на Мелничарите е безпредметно.Правилникот за квалитет и контрола на брашното пуштено во промет или од увоз не се спроведува, односно увезеното брашно се пушта во промет без да се провери во Акредитирана лабораторија за квалитет, вели Ристовски. За заштита на домашното производство на пченица и брашно, од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при СКМ подготвија неколку предлог мерки. Првата мерка е да се забрани пуштање во промет на увозно брашно доколку контролната маркица е постара од еден месец. Втората мерка е да се спроведува донесениот провилник за квалитет на брашното при увоз, односно да не се пушта увозно брашно во промет се додека Агенцијата за храна и ветеринарство не даде дозвола по добивање на анализите за квалитет од Акредитирана Лабораторија. Од комората предлгаат Владата да најде начин да ги субвенционира дополнително земјоделците или производителите на пченица по предаден килограм пченица кај лиценциран откупувач преку лиценцираниот откупувач по класите на квалитет. Овие мерки според мелничарите домашната пченица би имала конкурента цена во опкружувањето, а мелничарите конкурентно брашно, што крајно ќе доведе до намалување на увозот или стопирање на увозот на брашно, и би се зголемил извозот. Т.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?