20 Декември, 2025
0.0531

МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО ЧЕСТ НА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ: Нивната жртва е завет за секој припадник на безбедносните институции на нашата држава

Објавено во: Македонија 24 Септември, 2022 11:50

Добивај вести на Viber

Денеска,  министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со дел од раководството на Министерството за внатрешни работи, во малата сала „Борис Трајковски“, го прогласи за отворен меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители „Херои на Македонија“.

Министерот Спасовски на почетокот од своето обраќање, во свое и во име на Министерството за внатрешни работи оддаде почит на загинатите припадници од редовите на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, кон нивните семејства и кон нивната непроценлива херојска жртва, вткаена во темелите на нашата татковина.

„Тука сме и да испратиме јасна порака дека нивната жртва, не само што ќе остане во колективната меморија на нашата држава и државност, туку е и ќе биде пример, своевиден завет во професионалното делување на секој припадник на безбедносните институции на нашата држава”, порача министерот Спасовски, нагласувајќи дека меморијалниот и традиционален спортски фудбалски турнир „Херои на Македонија“ посветен, пред сѐ, на споменот на загинатите колеги, има возвишена хумана цел - преку зближувањето, преку средбите и преку спортскиот карактер, да го направи сеќавањето на хероите трајно, бесмртно.

На крајот од своето обраќање министерот Спасовски ја изрази својата длабока почит кон семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили на Република Северна Македонија, како и кон меморијалната манифестација, а на натпреварувачите на завршниот турнир им посака успех и победа на најдобриот.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки