17 Декември, 2025
0.0672

Мендерес Кучи: Владата премногу се фокусира на надворешните инвеститори

Објавено во: Економија 14 Јули, 2013 13:25

Добивај вести на Viber

Доаѓањето на Субрата Рој за претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Мендерес Кучи, наликува на помпезна парада. Во неделното интервју на Радио Слободна Европа, Кучи посочува дека ако инвеститорот не е од нашиот регион и не ги знае нашите околности и менталитет,  со овие информации коишто тој ги има нема да може лесно да одлучи да инвестира во нашата земја. Затоа вели Кучи,  треба да се фокусираме на нашите печалбари надвор, и на нашето опкружување. Во однос на најавите за огромната инвестиција на Субрата Рој во земјава, Кучи смета дека ако навистина влезе индиската инвестиција ќе значи нови пари и нови инвестиции потребни за земјава. Но додава тој, прво треба да видиме што ќе се случи. „Но со оглед на тоа колку многу се преговара и се разговара за истото, повеќе личи на некој вид на парада, отколку на реално нешто што се очекува да се случи. Меѓу редови ги читавме и неговите изјави во кои кажува дека многу нè сака и ние го сакаме како што го сакаме целото човештво, ние дури и повеќе од тоа, му нудиме можност тоа да го искаже, но реално можеби треба да се зборува на помали димензии, на поскромни инвестиции, но реални, кои ќе се остварат многу лесно и многу бргу, затоа што на земјата навистина ѝ треба нешто што е од вчера, а не од задутре“, забележува Кучи. Потенцирајќи ја потребата од домашни инвестиции, тој заклучува дека важно е да го има домашниот инвеститор заедно со странскиот. „Во конкретнава ситуација, јас мислам дека владата премногу се фокусира на она што е надворешно, без притоа да ги има соодветните можности кога е во прашање сигурноста. Ние како стопанска комора имаме еден друг начин на пристап кон решавање на овие ситуации и велиме: никому што ќе дојде од надвор нема да му дозволиме да речеме да влезе во слободната економска зона во Тетово ако не се содружи со некој локален. Нема да ги разгледуваме таквите инвестиции што сакаат да дојдат тука и да има своја успешна приказна што сакаат да ни ја наметнат, без притоа точно да знаеме дека тоа може, добро е за градот и за земјата, но и тој ќе има сигурност ако има еден или двајца или група инвеститори коишто се домашни. Соодносот тука не е воопшто битен, дали ќе биде 50 отсто или 25 отсто или колку било“ Важно е да го има домашниот инвеститор заедно со странскиот. Тогаш таа инвестиција може да ја сметаме за успешна и дека навистина нешто ќе може да биде добро за нашата земја’“, додава Кучи за Радио Слободна Европа.

Можеби ќе ве интересира

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар