26 Јуни, 2024
0.0300

МЕПСО во главоболки: Пријавени инвестиции од 8.000 мегавати, а системот поддржува само 750

Објавено во: Економија 27 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Операторот за пренос на електрична енергија МЕПСО во изминатиот период добил барања од инвеститори за изградба на фотоцентрали и ветерници со капацитет од неверојатни 8.000 мегавати, но како што велат од таму, системот има инвестициски капацитет да поддржи само уште 750 мегавати.

- Пристигнати се барања до МЕПСО за приклучок на инвестиции од 6.000 мегавати од фотонапонски централи и 2.000 мегавати од ветерници. Со тоа ќе се создаде проблем сите да ги приклучиме во системот, особено што не знаеме кои од овие инвеститори се сериозни во своите намери и немаме механизам да процениме на кого да му дадеме приоритет. Нам константно ни фали енергија, но доколку му дадеме првенство на некој несериозен, ќе блокира сериозни инвестиции од, да кажеме, 2.000 мегавати, рече денеска Орхан Муртезани, генералниот директор на МЕПСО.

Тој вели дека справувањето со ваквиот проблем не зависи само од преносната мрежа, туку и од капацитетот на ЕСМ да балансира со хидро енергијата. Сите инвеститори откако ќе добијат согласност од Владата, бараат приклучок од МЕПСО како следна фаза.

- Денес секој што ќе купи нива сака да гради фотоцентрала на истата и не знаеме кој од нив е сериозен во своите намери. Затоа ние поведовме една внатрешна процедура во МЕПСО да побараме банкарска гаранција од 2 отсто дека ќе се реализираат пријавените проекти во следните пет години, додава Муртезани.

Покрај тоа, директорот на МЕПСО смета дека треба да се земе и примерот на Србија како решение и дозволите да се даваат по региони, еден по еден, во земјата, за да може системот да ги следи барањата. Во моментов инвестиции од 270 мегавати се во напредна фаза, а за над 2.200 мегавати од централите веќе се прави студија.

Како споредба, оваа година пуштени во употреба се две нови фотонапонски централи од 25 мегавати во Овче Поле и 10 мегавати во Осломеј, додека во јануари ќе биде приклучена ветерната централа од 36 мегавати во Богословец. Овие капацитети, вели Муртезани, имаат далеку помал капацитет од барањата кои го преплавија МЕПСО.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Недостасуваат 40 милиони евра за пензии

Мицкоски: Недостасуваат 40 милиони евра за пензии

Раст на бројот на купени станови со готовина во Хрватска

Раст на бројот на купени станови со готовина во Хрватска

Азески во Париз панелист на конференција на ОЕЦД

Азески во Париз панелист на конференција на ОЕЦД

НОВ ТИП НА РАБОТНА ВИЗА, НОВА ШАНСА: Германија ги менува правилата и го олеснува процесот за граѓаните кои не се членки на ЕУ

НОВ ТИП НА РАБОТНА ВИЗА, НОВА ШАНСА: Германија ги менува правилата и го олеснува процесот за граѓаните кои не се членки на ЕУ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Профитни маржи над 50 отсто - Кои се и колку заработуваат најпознатите извршители?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Профитни маржи над 50 отсто - Кои се и колку заработуваат најпознатите извршители?

Вака ли кумановски „Водовод“ го штити интересот на кумановци? Директорот Стојмановски ќе плати до 72.000 евра провизија на снабдувачот со струја!

Вака ли кумановски „Водовод“ го штити интересот на кумановци? Директорот Стојмановски ќе плати до 72.000 евра провизија на снабдувачот со струја!

ЕВТИНИТЕ НЕДВИЖНОСТИ ВО ГРЦИЈА КАКО МАГНЕТ ЗА ТУРИСТИТЕ:Социјалните мрежи полни со огласи - стан на Халкидики за 60.000 евра

ЕВТИНИТЕ НЕДВИЖНОСТИ ВО ГРЦИЈА КАКО МАГНЕТ ЗА ТУРИСТИТЕ:Социјалните мрежи полни со огласи - стан на Халкидики за 60.000 евра

ЦРНОГОРЦИТЕ ИМ ПЛАЌААТ НА КЕЛНЕРИТЕ 1.000 ЕВРА, ХРВАТИТЕ 1.200, А СЛОВЕНЦИТЕ 300 ЕВРА ПОВЕЌЕ: Еве каде сезонските работници сè уште недостасуваат

ЦРНОГОРЦИТЕ ИМ ПЛАЌААТ НА КЕЛНЕРИТЕ 1.000 ЕВРА, ХРВАТИТЕ 1.200, А СЛОВЕНЦИТЕ 300 ЕВРА ПОВЕЌЕ: Еве каде сезонските работници сè уште недостасуваат

ТРГОВИЈА, ГРАДЕЖНИШТВО, ПРОИЗВОДСТВО: Што покажува индикаторот за економска клима во Германија?

ТРГОВИЈА, ГРАДЕЖНИШТВО, ПРОИЗВОДСТВО: Што покажува индикаторот за економска клима во Германија?