МЕРКЕЛ ДЕЦИДНА: Пандемијата нема да престане се додека не се направи ова
Објавено во: Свет, Корона Вирус 22 Февруари, 2021
Пандемијата нема да заврши се додека не се вакцинираат сите граѓани на светот, изјави германската канцеларка Ангела Меркел по видео-самитот Г7.
Германија и другите богати држави треба, покрај финансиската помош, да донираат дел од своите залихи на вакцини и на сиромашните земји, бидејќи можеме да ставиме крај на пандемијата само ако ги вакцинираме сите луѓе на Земјата, рече германскиот канцелар, пренесува Ројтерс.
Таа додаде дека не разговарале за тоа колка процент треба да се донира од националните залихи.
Претходно, Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија, изјави дека ЕУ ќе одвои 100 милиони евра со цел да ја забрза вакцинацијата во Африка, пренесува РТ.
Таа изјави дека ЕУ ќе помогне со цел зајакнување на производствените капацитети за лиценцирано производство на вакцини.
ЕУ исто така најави дека ќе ги удвои своите придонеси во програмата Ковакс на една милијарда евра.
Германија ќе обезбеди 1,5 милијарди евра за глобална борба против пандемијата, додека Г7 ќе одвои вкупно 10,3 милијарди, од кои дел оди на програмата Ковакс, која се занимава со глобална дистрибуција и развој на вакцини.
Владата во моментов води „војна против вакцините“, бидејќи некои посиромашни земји не добиле никакви, додека богатите, како Канада, Велика Британија, САД, Австралија и некои земји на ЕУ, порачаа повеќе отколку што им требаат.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.