Меркел: ЕУ ќе му помогне на Балканот и Унгарија за имигрантите
Објавено во: Балкан 09 Јули, 2015 13:54
ЕУ ќе му помогне на Балканот и Унгарија полесно да се справат со миграциониот поток.
Ова го соопшти германската канцеларка Ангела Меркел за време на посетата во Белград.
"Италија и Грција беа прв избор на мигрантите, но во јуни и јули ситуацијата се измени значително, и имигрантите се почесто се обидуваат да поминат преку балканските земји, затоа ние ќе им помогнеме на овие држави", изјави Меркел по состанокот со српскиот премиер Александар Вучиќ.
Германската канцеларка вели дека Унгарија и Србија се најпогодени од сегашниот систем за апликација на азил, која "не функционира добро".
Меркел увери дека министрите за внатрешни работи од ЕУ бараат решение на проблемот.
Утрово од Србија Меркел замина за БиХ .
На 26 јуни, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск вети дека ќе ја земе предвид тежината за Бугарија и Унгарија, кои веќе треба да се справат со голем број имигранти. Советот потврди дека двете страни ќе имаат симболична улога во распределбата на бегалците.
Делумното олеснување на Унгарија и Бугарија од обврската предизвика контроверзни реакции меѓу земјите од ЕУ, главно од политички причини поврзани со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Тој често е критикуван за екстремно десничарската позиција по прашањето за имиграцијата и за ретките политички бегалци, кои неговата страна ги прифаќа.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




