18 Декември, 2025
0.0952

Меркел: ЕУ ќе треба да ги разгледа промените во договорите, за да ја задржи Британија

Објавено во: Свет 04 Јуни, 2015 18:33

Добивај вести на Viber

Европската унија најверојатно ќе треба да ги разгледа промените во договорите, ако сака да ја задржи Велика Британија како земја членка. Тоа го изјавила германската канцеларка Ангела Меркел за „ББС“. Според неа можат да се создадат услови за останување на Велика Британија во ЕУ.

„Оптимист сум дека ако сите сакаме, можеме да најдеме подобро решение“, изјавила Меркел. „Не станува збор да се грижите за тоа, а да си ја вршиме работата и да создадеме неопходните предуслови за да остане Велика Британија во Унијата“, дополнила канцеларката.

Промените во договорот на ЕУ се деликатни теми, бидејќи Франција на пример, како и други земји не се подготвени да се согласат на таквите мерки. Преговорите за Лисабонскиот договор продолжија околу осум години, требаше да се одржат два ирски референдум пред документот да биде потпишан во 2009 година, потсетува „БиБиСи“.

„Можам да ги поддржам некои од работите што Дејвид Камерон ги сака. Има и други прашања за кои пак имаме различни мислења“, вели уште Меркел. „Но, секогаш сме можеле исто така да се стремиме кон Европа со различни брзини, да најдеме компромисни решенија на пример“, додала таа. На прашањето дали ќе биде променет договорот, канцеларката вели: „Ако тоа е навистина потребно, ќе треба да го разговараме“.

Ториевците на Камерон сакаат да одржат референдум за членството на Велика Британија во ЕУ до крајот на 2017 година, откако претходно ќе бидат договорени односите меѓу Лондон и Брисел.

Приоритет за конзервативците се построги закони за миграцијата внатре во ЕУ, како и можност на Велика Британија да не учествува во уште интегрираната унија. Камерон сака националните парламенти да имаат поголемо влијание над европските закони.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина