19 Мај, 2024
0.0264

Меркел и Ердоган ја бистрат бегалската криза

Објавено во: Балкан 08 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

1 милиони луѓе може да достигне бројот на мигрантите и бегалците кои ќе влезат во Европа оваа година. Тоа го прогнозира Меѓународната организација за миграција.

Бегалската криза ќе биде акцент на средбата денеска во Анкара меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот претседател Реџеп Ердоган. Претходно будесканцеларката дискутираше на темата во четири очи во Стразбур со францускиот претседател Франсоа Оланд.

Посетата на Ангела Меркел во Анкара доаѓа поради растечката криза по турско-сириската граница. Десетици илјади Сиријци, претежно жени и деца бегаат од воените дејствија во Алепо, и останаа блокирани неколку дена на границата, откако Турција одбива да ги пушти на своја територија.

Според министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу турско-сириската граница не е затворена, а е наметната гранична контрола, за да се спречи преминување на терористи заедно со бегалските текови.

На враќање од турнејата во Јужна Америка претседателот Реџеп Ердоган изјави дека Анкара е подготвена да ги прифати бегалците кои бегаат, ако тие немаат друг избор.

Денешните разговори во Анкара се одлучувачки и за договорениот договор во ноември меѓу ЕУ и Турција. Брисел ќе и додели на Анкара 3 милијарди евра финансиска помош да обезбеди намалување на бегалскиот поток кон Европа.

Според висок дипломат од ЕУ, цитиран од FT, посетата во Анкара е последен обид на канцеларката за инсистирање пред Турција за спроведување на планот. Уште еднаш бегалската криза ќе биде акцент и на агендата на претстојната средба следната недела на лидерите на ЕУ во Брисел.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс