26 Април, 2024
0.0316

МЕРКИТЕ НА ЗАЕВ СЕ ИЗВЕСНИ - Владата многу брзо ќе се изјасни што ќе прифати

Објавено во: Економија 23 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Најголем дел од мерките што вчера ги предложи лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е извесно дека ќе бидат прифатени од Владата, велат владини извори.

Тоа ќе се случи многу бргу, но не се знае дали денеска или во следните денови.

Кои мерки ќе се прифатат, а кои ќе бидат одбиени, сепак, на крајот ќе пресече Владата, откако за нив ќе се произнесат и членовите на Економскиот совет, тело кое неодамна се формираше, и во кое членуваат врвни економски имиња, и треба да помогне во надминување на економската криза која е предизвикана од коронавирусот. 

„Има голем број економски барања и предлози што се стигнати на адреса на Владата. Односно, има барања од партии, како и од речиси сите стопански комори, кои даваат свој список на желби за тоа како треба да и се помогне на економијата. Но, на крај тие мерки треба да ги гледа и да даде за нив свое мислење Економскиот совет, а потоа да одлучи и Владата. Убаво е да се напише нешто на хартија, но мора да се разгледаат сите економски параметри“, велат владини извори.

Додаваат дека партиите имаат право, врз основа на мислењата на своите експерти, да даваат свои предлози за економијта, но за тоа мора да пресече Владата.

Но, не негираат дека многу од предлозите на Заев ќе бидат прифатени.

Ова е дотолку повеќе и логично да се очекува, од причина што Зоран Заев е лидер на најголемата владејачка партија, па не е за верување дека тој туку така „се истрча“ и ги предложи серијата мерки.

Меѓу нив и онаа за сведување на платите на јавниот сектор на минималната плата, што наиде на лавина од реакции од бројните синдикати во администрацијата.

А што друго предложи Заев?

Минимална плата за април и мај, да биде обезбедена од државата, за секој работник во приватните фирми погодени од кризата. Фирмите сами ќе си ги платат придонесите за плати, како и персоналниот данок. 

Потоа, месечна плата (паричен надоместок) и за граѓаните што останале без работа поради кризата, во висина од 50 отсто од просечната плата на работникот

Се предлага и сите функционери и раководители да одат на минимална плата, како и сите вработени во јавниот сектор, а претседателите и членовите на советите во општините, управни и надзорни одбори на јавни институции, да работат без надоместок

Исто така, 7.000 денари да се даваат по домаќинство за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформална економија, а за оние лица кои останале без работен ангажман или биле дел од неформалната економија - брз влез во системот на социјална заштита за април и мај. Тие ќе добијат просечно по 7.000 денари по домаќинство.

Ќе се запре и Законот за извршување до крајот на јуни, ќе се одложат кредитите, а ќе се ослободат од плаќање закуп корисниците на социјалните станови, како и неколку други мерки, меѓу кои дополнителни бескаматни кредити за фирмите од нови 6 милиони евра, нови 50 милиони евра евтини кредити преку комерцијалните банки, со уредба со законска сила ќе се забрани фирмите да одат во стечај за време на кризата.

Помош ќе има и за медиумските работници, како и за спортистите и уметниците.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра