МЕРКО ИМА ШУМА, СТАН ВО ДРАЧ, КУЌА... ДИМИТРИЕВСКИ ЗА СЕБЕ, СОПРУГАТА И РОДИТЕЛИТЕ ПРИЈАВИЛ ТРИ КУЌИ, АРИФИ ПЕТ СТАНА - еве колку се богати и другите кандидати
Објавено во: Македонија 30 Август, 2021
Партиите излегоа со своите фаворити со кои ќе „трчаат“ на претстојните избори за освојување на локалната власт. Некои веќе добро познати за јавноста, некои не толку, некои сосема нови и анонимни имиња.
Особено за оние што веќе биле градоначалници, но и за некои кои имале други државни функции, интересно е да видиме колку стекнале досега од својата работа. Нивните имотни листови секогаш се атрактивни за јавноста.
Фактор ќе објави дел од имотните состојби на кандидатте за градоначалници, и од власта и од опозицијата, но и дел кои ќе настапат како независни кандидати.
Петре Шилегов, актуелен градски татко на метрополата, кој ќе бара за уште еден мандат доверба од скопјани, има прилично богат имотен лист и важи за еден од најимотните градоначалници, но и кандидати.
Како имот на брачен другар пријавил стан од три милиони денари од 68 м2 во Скопје, стекнат со наследство, потоа исто како имот на брачен другар стан од 75.106 евра од 64 м2 Скопје, преку купопродажба. Неговата сопруга има уште еден стан од 84.494 евра од 72 м2 во Скопје, стекната преку купување.
Како личен имот има куќа од 24 милиони денари од 306 м2 во Скопје, преку договор за подарок, уште една куќа со земјиште од 55.000,00 евра во Маврово, која е купена.
Како личен имот Шилегов има стан од 6 милиони денари од 87 м2 во Скопје, кој е стекнат преку купување.
Како заеднички имот пријавил благородни метали од 8 милиони денари, односно златен накит и часовници, уметнички и колекционерски предмети од 3 милиони денари, и тоа слики.
Има заедно со сопругата и значајни количини удели, акции, зема многу закупни, надомести, имаат и кредити, но и готови средства, а децата имаат основачки влог.
Сашо Велковски, кој и сега е градоначалник на Свети Николе, е кандидат на СДСМ за тоа општина на истокот.
Велковски има како имот на родители земјиште од 800 м2 во Свети Николе, кое му е купено, исто како и лозје во таа општина од 30.000 денари.
Како негов личен имот, пак, има куќа од 1,5 милиони денари, која е голема 169 м2, исто во Свети Николе, која ја стекнал како наследство. Од личен имот има и стан од 2,6 милиони денари, кој, пак, го купил.
Овој градоначалник кој ќе се трка за уште еден мандат има и ауди од 125 илјади денари, како и 400 приоритетни акции, но не е наведено во која фирма и колку вредат. Има и девизен депозит од 7.870 евра во Стопанска банка Скопје, како и девизен депозит од 9.000 евра во Централна Кооперативна Банка, но има и кредит од 1,13 милиони денари.
Како што веќе објавивме, довербата на жителите на Карпош, ќе се обиде да ја освои Душко Весковски, кој сега е директор на јавното претпријатие Водовод и канализација Скопје.
Тој во својот анкетен лист пријавил личен имот гаража од 307.500 денари од 15,5 м2 во Скопје, која ја добил како подарок.
Од личен недвижен имот има и стан од 4,5 милиони денари од 59,5 м2 во Скопје, исто стекнат како подарок.
Вози Тојота авенсис од близу 400 илјади денари, а штеди во Шпаркасе банка, каде има девизна штедна книшка од 11.800 евра, како и денарска штедна книшка од 261.467 денари, но има и кредит од 922.500 денари.
СДСМ излезе со нов адут и
за општина Аеродром, каде го промовира младиот кадар Аександар Филиповски, кој
од само неодамна е пратеник и по тој основ за него се уште нема анкетен лист,
но има како член на УО на Дирекцијата за ТИРЗ.
Филиповски има како имот на родители деловен простор од 825.000 денари во Скопје од 15 м2, кој бил купен. Но, овој пратеник исто како имот на родители има земјиште од близу два милиони денари во Охрид, од 389 м2.
Во Скопје, пак, исто како имот на родители, Филиповски во својот анкетен лист пријавил куќа од 19,3 милиони денари, или близу 314 илјади евра, од 352 м2, стекната со договор за подарок.
Од имот на родители има и моторно возило од 610 илјади денари, Хундаи Санта Фе, како и Лада нива од 12.000 денари.
Филиповски има и хартии од вредност, исто имот на родители, и тоа акции од 16,1 милиони денари, стекнати со договор за купопродажба, потоа акции од 46.500 денари, како и од 84.480 денари. Нема информции во кои компании се овие акции.
Од имот на родители овој пратеник, а сега кандидат за градоначалник има и кирија. Неговите родители имаат и штедна книшка со 1.632 евра во Комерцијална банка, потоа штедна книшка со 4.986 евра исто во Комерцијална банка, а во истата банка има уште една штедна книшка од 400 илјади денари. Потоа, во Халк банка имаат штедна книшка од 6.600 евра, е наведено во имотниот лист. Додека, пак, има и заем од 610.000 денари, како и кредити од 116.542 денари, 45.000 денари и 624.218 денари.
Горанчо Крстев - Грга, кој и сега е градоначалник на општина Чешиново-Облешево, ќе бара доверба за уште еден мандат. Тој има како заеднички имот земјоделско земјиште од 330.000 денари од 11.219 м2 во Спанчево, стекнато како подарок. Има и заеднички имот земјоделско земјиште од 90.000 денари и то 3.415 м2 во Бања, исто подарок, а стекнато како подарок му е градежното земјиште од 300.000 денари, и тоа 313 м2 во село Спанчево, кое е пријавено како личен имот. Овој градоначалник има пријавено во анкетниот лист уште неколку разни земјишта, и тоа од 20 илјади денари, но и многу повредно, од 1,3 милиони денари, како и по едно од 600 и земјиште од 50 илјади денари.
Крстев пријавил како личен имот и куќа од еден милион денари, стекната со договор за подарок, како и помошни објекти од 50 илјади денари. Има моторно возило Пасат, вредно 900 илјади денар, кое е купено, и уште еден пасат, од 922.500 денари.
Како друг личен имот овој градоначалник навел и фирма, односно ЈТД „Грга во село Спанчево, од 8,5 милиони денари, која е стекната на друг начин.
Пратеникот Ненад Коциќ се
искристализира како име во СДСМ со најголема предност на анкетите за кандидат
за градоначалник на Велес.
Тој има како имот на родителид деловен простор од 118.150 денари од 52м2 во Велес, а исто како имот на родители има и стан вреден 2,5 милиони денари, од 65м2 во Велес, стекнат на друг начин.
Како личен имот Коциќ има пријавено куќа за одмор од еден милион денари во Чашка, која е купена.
Од моторни возила има вредно 550.000 денари Шевролет Авео и од 975.000 денари Тојота Корола.
Има како личен имот девизен депозит од 5.330 евра во Централна кооперативна банка, како и денарски депозит од 360.000 денари во Про кредит банка, како и денарски депозит од 844.751 денар во Централна кооперативна банка.
Како имот на родители е пријавена и Општата ординација „Центар за дијагноза и лекување“ Велес, како и личен имот Специјалистичка ординација по интерна медицина „д-р Коциќ“, стекнато со договор за купопродажба.
Секако дека во јавноста најголем интерес предизвика кандидатурата на Максим Димитриевски, сегашен градоначалник од Куманово, кој ја очекуваше поддршката од својата матична СДСМ, но не ја доби, поради што оди со независна кандидатура.
Како имот на брачен другар
има пријавено земјиште од 215.250 денари од 700 м2 во Куманово, стекнато со купопродажба,
потоа, исто имот на брачен другар - куќа со земјиште од 450.000 денари од 59 м2 + 1223 м2, исто купени.
Димитриевски има пријавено имот на родители и тоа деловен простор од 600.000 денари од 9 м2 во Куманово. Потоа, овој градски татко има имот на родители земјиште од два милиони денари од 5.000 м2 во Куманово, стекнат со наследство. Има и како имот на родители земјиште од 240.000 денари од 2000 м2 во Куманово, стекнато на друг начин. Неговите родители имаат и земјиште од 792.000 денари од 832 м2 во Куманово.
Она што е меѓу највредниот имот, исто како имот на родители, е куќа со двор од 10 милиони денари, или 162 илјади евра, од 62 м2 со 74 м2 во Куманово, стекната со наследство.
Како личен имот има земјиште од 615.000 денари од 10.000 м2 во Куманово, како и куќа со земјиште 450.000 од 59 м2 + 1223 м2, која е купена.
Како имот на брачен другар Димитриевски има возило од 130.000 денари мерцедес, а на име на родителите исто мерцедес од 110.000 денари, од 60 илјади денари опел астра, како и имот на родители вреден 150.000 денари Махиндра Џип.
На име на брачен другар Димитриевски има сопственички удел од 154.000 денари, што е 50 отсто, но не е наведено од која компанија, потоа како личен имот е наведен сопственички удел од 186.000 денари, исто 50 отсто. Има и личен имот сопственички удел од 24.800 денари, што е 20 отсто од некоја фирма, но не се наведува од која.
Кумановскиот градски татко има пријавено и како имот на деца девизна штедна книшка од 15,00 евра во Комерцијална банка, како и три девизни книшки во истата банка од по 3.646 американски долари. Неговите деца имаат и денарски депозит од 1,76 милиони денари во Комерцијална банка.
Димитриевски има и кредит на брачен другар од 450.000 денари, како и лични кредити од по 450.000 и 600.000 денари.
На име имот на брачен другар има пријавено златен накит од 2.000 евра, исто колку што златен накит имаат децата, а самиот Димитриевски има златен накит од 1.000 евра. И конечно, овој градоначалник има пријавео како личен имот средства во готово во износ од еден милион денари.
ДУИ, пак, го кандидира Рамиз Марко за уште денаш да се трка за освојување на довербата на стружани.
Неговиот имот, кој е прилично богат, стои вака. Како личен имот има пријавено деловен простор од дури 17,2 милиони денари или 280 илјади евра, од 1.200 м2 во Струга, стекнат со договор за градба.
Потоа Мерко, исто како личен имот има земјоделско земјиште од 2,45 милиони денар од 2.020 м2 во Струга, стекнато со наследство, како и земјоделско земјиште од три милиони денари од 2.460 м2 во Струга, стекнато со договор за купопродажба.
Потоа, Мерко има куќа како личен имот од 12,3 милиони денари од 400 м2 во Струга, стекната со наследство.
А, има и имот надвор од Македонија. Па така, овој градски Татко има стан во Драч, Албанија, од над два милиони денари, голем 106.85 м2, кој е стекнат со договор за купопродажба.
Мерко како личен имот во анкетниот имот пријавил и шума од 736.600 денари од 3.000 м2 во Струга, стекната со наследство.
Струшкиот градоначалник на име имот на брачен другар има побарување по основ на даден заем од 900.000 денари, потоа како личен имот има побарување по основ на даден заем од 1,8 милиони денари, но и друго побарување по основ на даден заем на истата сума.
Мерко добива и значајни суми на кирии, па има од договор за закуп на земјиште приход од 800 евра месечно, како и приход од кирија од 1.300 евра месечно. Поседува и, како што навел, менлива девизна сметка, без да се стави износот, и менлива денарска сметка од 300.000 денари во Комерцијална банка.
Неодамна ДУИ најави дека очекува да победи и во Тетово, со актуелната градоначалничка Теута Арифи.
Таа пријавила имот на брачен другар стан од 1,2 милиони денари од 40 м2 во Скопје, кој е купен, а таа има како личен имот уште еден стан од 1,4 милиони денари од 60 м2 во Скопје.
Но становите не завршуваат тука, на име личен имот Арифи има и стан од 90 м2 во Скопје, вреден 2,8 милиони денари, купен во 2006 година, и уште еден стан исто од 90 м2 на стата сума во Скопје, купен во 2012 година.
А, во Тетово Арифи го има петтиот стан, 90м2, а вреди 3,9 милиони денари.
Или, вкупно петте стана на Арифи вредат околу 200 илјади евра, говорат податоците од нејзиниот анкетен лист.
Таа како заеднички имот пријавила и од шевролет Каптива од еден милион денари, и од 427.000 денари Цитроен Ксара. Има хонорар како универзитетски професор од 30.000 денари месечно. Пријавила и кредит од 50.000 евра.
Анкетниот лист, пак, на Борче
Митевски, градоначалник на Општина
Петровец од ВМРО-ДПМНЕ, кого партијата одлучи да го кандидира и за следното
изборно соочување има пријавено како имот на деца куќа од 900 илјади денари од 88 м2 во село Дивље.
Има и личен имот гаража од 600 илјади денари од 105 м2 во село Ржаничино.
Овој градски татко пријавил и личен имот куќа од 1,5 милиони денари од 102 м2 во Петровец, и има уште една куќа, од 3,6 милиони денари, голема 269 м2 во село Ржаничино, стекната со наследство. Тој има како имот на деца моторни возила од 500.000 денари АУДИ А6, како и вредно 600.000 денари АУДИ А8.
Во Штип ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи со сегашниот пратеник Иван Јорданов.
Тој пријавил како имот на родители куќа од 1,8 милиони денари од 100 м2 во Штип текната како подарок. Како имот на родители има уште една куќа од 1,8 милиони денари од 100 м2 во Штип од 2010 година, стекната со договор за купопродажба.
Има како личен имот од 250.000 денари Цитроен Ц5, потоа кредит од 900.000 денари и пчелни семејства од 100.000 денари.
Нина Нинеска-Фиданоска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.