18 Декември, 2025
0.4773

Мермерен Комбинат се приклучи кон одбележувањето на Европската недела за безбедност и здравје при работа 2014

Објавено во: Мои пари 24 Октомври, 2014 14:44

Добивај вести на Viber

Мермерен Комбинат АД Прилеп, како добитник на наградата за најдобра пракса на безбедност и здравје при работа во категоријата големи компании и компанија која несебично вложува во обезбедување на највисоки безбедносни стандарди при работа, се приклучи кон одбележувањето на Европската недела за безбедност и здравје при работа 2014. На настанот, кој на завршниот ден од одбележувањето на Европската недела за БЗР во Прилеп го организираше Мермерен Комбинат, беше покриена овогодинешната тема ”Здрави работни места – Уравување со стресот”. “Во Мермерен Комбинат, во согласност со добрата пракса по БЗР, го третираме и стресот како современа закана по безбедноста и здравјето при работа и во насока на негово намалување како едно практично решение ја поттикнуваме отворена комуникација на сите нивоа.” – истакна Јасна Ажиевска Петрушева - Административен извршен директор на Мермерен Комбинат. “Според истражувањата, стресот на работното место завзема водечко место на скалата на главните причини за отсуство од работа, за пад на мотивацијата и продуктивноста на работниците.”- истакна Коле Илијевски – менаџер по безбедност и здравје при работа во Мермерен Комбинат, наведувајќи ги условите за работа, обемот на работа и меѓучовечките односи како некои од причините кои можат да доведат до стрес на работното место. На настанок кој беше организиран во соработка со Македонското здружение за заштита при работа како Focal Point на EU ОSHА за Македонија беше присутен и Г-динот Милан Петковски, претседател на ММЗПР, кој имаше свое обраќање на темата “Управување со стресот”. Мермерен Комбинат АД Прилеп, е глобален лидер во екстракција и преработка на снежно белиот мермер Сивец® . Формиран е во 1946 година и оттогаш дејност му е експлоатација и преработка наСивец® кој е регистрирана трговска марка на ситно-грануларен доломитски мермер кој се вади од каменоломите на компанијата, во близина на Прилеп.  

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?