20 Декември, 2025
0.0396

Мерните станици ќе превртат: Загаденоста урива рекорди

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2018 10:37

Добивај вести на Viber

Ако продолжи вака загадувањето цела зима ( а веројатно и ќе продолжи, ако не се преземе ништо) мерните станици ќе превртат.

Воздухот во Скопје и денеска е високо загаден а концентациите на ПМ10 честичките од синоќа се над 200 микрограми, достигнувајќи и до 588 микрограми на кубен метар.

Во Центар од синоќа во 22 часот е над 200 микрограми и се движи од 233 па се до 357 микрограми што се регистрирани во 01 часот по полноќ.

Во Карпош концентрациите над 200 се присутни од 18 часот часот, а највисоката од 433 е достигната во 21 часот.

На станицата за мерење на квалитетот на воздухот кај Ректорат се евидентирани концентрации над 200 микрограми од 16 часот вчера. Во 02 часот по полноќ достигнале до 390 микрограми.

Во Бутел на мерната станица над 200 микрограми се забележани од полноќ, а најзагадено било во 17 часот вчера со 315 микрограми на метар кубен.

Најзагаден бил воздухот во Миладиновци со измерени 588 микрограми синоќа во 20 часот.

Последните мерења покажуваат концентации од 137 микрограми во Бутел, 159 во Миладиновци, 209 во Карпош, 238 кај Ректорат и 243 во Центар.

Среднодневната гранична вредност од 206 и 233 микрограми изнесувала во Карпош и кај Ректорат во Скопје.

За да се активираат мерките потребно е вакви надминувања од 200 микрограми на кубен метар на две мерни станици да има во два последнователни дена.

Загаден е воздухот и во другите поголеми градови во Македонија. Во Битоа се измерени концентрации на ПМ10 честичките од 149, Кичево 144, Тетово 154, Кавадарци 129, Куманово 147 и Струмица 142 микрограми на кубен метар.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки