Месец посветен на потрошувачите
Објавено во: Мои пари 22 Мај, 2015 15:45
Семејно оријентиран и уникатен во пристапот, Капитол Мол одлучи пријатно да ги изненади своите потрошувачи. За таа цел креираше сет на активности, игри, подароци, попусти и многу забава секој викенд до 14 јуни од 12 до 15 часот. Децата ќе можат да учествуваат во многу игри и да добиваат награди. Обезбедени се и специјални попусти за пазарување, а дел од изненадувањата и е Happy Hour со специјални намалувања на понудата во рестораните за брза храна на третиот спрат.
Со својот пријатен амбиент, Капитол Мол симболизира квалитет во трговијата на мало и стана зборно место за локалното население, но и за сите кои го посетуваат. Вклучувајќи ги сите содржини кои им се неопходни на потрошувачите, Капитол Мол им обезбедува најдоброто доживување, најдобар шопинг и најмногу изненадувања.
„Нашата иницијатива да креираме месец во кој ќе ги наградиме нашите потрошувачи дојде токму како инспирација од нивното задоволство и уживање во нашиот абиент. Тоа се наши соседи, лојални посетители и пријатели на Капитол Мол и нивната доверба и наклонетост сакавме да ја издвоиме и да ја наградиме. Наш ред е да покажеме колку ни значат“ - изјави Даниела Адемоска, сопственик и Генерален Директор на Капитол Мол.
Капитол Мол и натаму ќе продолжи да ги наградува своите потрошувачи и да ги ослушнува нивните потребите, креирајќи понуди и услуги што ќе им овозможат на потрошувачите дополнителен бенефит и задоволство.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете





