Добивај вести на Viber
Компанијата Римес повторно почнува со производство, но сега со нов сопственик. Сегашниот нов инвеститор “Римес МС Гроуп”, освен рестартирање на производство најавува и отворање на нови месарници. Во однос на асортиманот Римес, од компанијата велат дека ќе се произведуваат сите типови на месо што и досега се произведуваа, но најавуваат и проширување на производството со дополнителни стандардни месни производи по барање на потрошувачите.
-Во блиска иднина се планира и воведување на органски месни производи изработени по пат на природни производни процеси, без присуство на адитиви, конзерванси и други неоргански состојки. Месната индустрија Римес повторно го стартуваше производство со нов сопственик, инвеститор сега под името РИМЕС МС ГРОУП. По повод 20 годишнината од постоењето на Римес и инвестициите од страна на новите сопственици на потрошувачите им се нуди можност повторно да набават свежо месо и готови месни производи со најконкурентни цени во согласност со квалитетот
, велат за Фактор од компанијата “РИМЕС МС ГРОУП”.
Новиот инвеститор вели дека вели компанијата располага со софистицирана опрема за преработка на месо и месни производи, што е основа за производство на кавлитетни месни производи.
-Компанијата е една од најкапацитетните фабрики за преработка на месо и месни производи во Македонија. Основа за производството претставува високо квалитетна суровина од свежо месо, стручно и педантно сортирано според потекло и квалитет. Уште од самиот старт се обезбедува највисоко ниво на хигиена и професионална услуга. Потеклото на свежото месо е со гарантирано потекло од фармите и кланиците на Серта Компани, компанија која е најголем извозник од Македонија на свежо јагнешко месо, во земјите на ЕУ и регионот. Редовната понуда на свежо месо со гарантирано потекло и со посебен акцент на здраствената исправност ќе ги оправда вкусовите и на најпребирливите потрошувачи. Следејќи ги желбите, сугестиите, грижата, квалитетот, 20 годишната традиција и деловноста, Римес на македонските потрошувачи да им ја нуди можноста да ги конзумираат најдобрите производи од месната идустрија по конкурентни цени,
посочуваат од компанијата.
Веќе се отворени две нови месарници во Гевгелија и Драчево, а од компанијата велат дека следната недела планираат отворање на уште пет нови месарници во населбите Автокоманда-во близина на полициската станица, Аеродром во трговскиот центар Бисер, Бутел на Зелениот пазар, и во населбата Карпош на улицата Рузветова. Се планира отворање и на многу други месарници се со цел потрошувачите да бидат што поблиску до кавалитетно и свежо месо од Римес, најавуваат од компанијата.
Месната индустрија Римес почна со работа во 1995 година. Основната дејност е производство на финални производи од месо. Високиот квалитет на производите, деловната политика, инплементирање на светски признатите стандарди, современиот технолошки пристап, спој на традиционалните и новите вкусови, високо стручниот кадар и контролата на квалитет компанијата ја доби доверната на потрошувачите не само во земјава туку и на странските пазари.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: