Месната индустрија тоне, што после „РИМЕС“?
Објавено во: Агробизнис 21 Јуни, 2014 10:21
- Еден од клучните проблеми се увозните месни производи кои се произведени со евтина суровина и плус извозно субвенционирани, што не е случај со нашите производи. Од старт имаме проблем, на пример месото што доаѓа од Шпанија е конкурентно на нашето оти е субвенционирано, и тука се наоѓаме во нерамноправна пложба, бидејќи тие можат кај нас да извезуваат а ние не можеме да извезуваме во земјите од Европската унија. А Македонија околу 50 отсто од месото свежо и замрзнато го увезува. Владата најави дека од следната година ќе можеме да извезуваме и во ЕУ бидејќи до тогаш ќе ги имаме спроведено европските регулативи, како на пример да престанеме со вакцинација на свињите против свинската чума. Од друга страна тука е нелојалната конкуренција од малите производствени погони во земјава кои немаат сертификати, немаат ХАСАП, не ставаат декларации на производите, работат во супституирани услови, а сепак продаваат во помалите месарници и градови и имаат поевтин производ оти не се оптоварени со давачките кои ние ги имаме. Точно дека вработуваат луѓе, ја намалуваат невработеноста, но нас што ги почитуваме и ги имаме воведено сите стандарди не уништуваат, вели за Фактор, Томе Бабунски, комерцијален директор на “Групацијата Агриа”.Упатените во овој бизнис укажуваат дека земјава и покрај контролите од надлежните има замрзнато месо кое што е шверцувано, но дека тешко може да се влезе во трагата, бидејќи како што објаснуваат мрежата е добро разработена. Бизнисмените порачуваат законските регулативи да важат за сите играчи на пазарот.
- Месната индустрија во моментов не стои добри, поради тоа што условите за стопанисување особено со регулативите кои што се наметнаа, сеуште не се применуваат за сите учесници на пазарот. Сеуште толерирањето на работењето на објекти кои што не се преструктуирани прават една нелојална конкуренија која не можеме да ја издржиме. Исто така нашите домашни производи не се конкурентни на домашниот пазар заради увозните производи, бидејќи суровината која ја набавуваме односно увезуваме е оптоварена со околу 20 отсто давачки, вели генералниот директор на “Мик Свети Николе” Влатко Ѓеоргиевски.Суровината скапа, пазарот презаситен Дел од бизнисмените посочуваат дека во земјава има околу над 120 производствени погони за месо и месни преработки, со производство кое што пазарот не може да го апсорбира. На проблемот со скапата суровина постојано се посочува. Неодамна од месната индустрија укажаа дека токму поради порастот на цената на суровината за месни преработки на светските берзи, најверојатно ќе се зголеми и цената на месните производи на македонскиот пазар. Засега компаниите не откриваат кога ќе ги корегираат цените, бидејќи сеуште прават пресметки. Причината која македонската индустрија е увозно зависна од суровина, бизнисмените ја лоцираат во намалениот добиточен фонд, за што клучен фактор беше скапат добиточна храна. Поради контиунираниот пад на добиточниот фонд, Македонија со години е увозно зависна од месо за производство на месни преработки а делумно и од свежо месо. Според податоците околу 90 отсто од говедското и 50 отсто од свинското месо наменето за месни преработки доаѓа од увоз. Најголем пораст е забележан кај увозот на живинско месо. Во 2012 година производството на свинско месо изнесувал 10.651 тони , на говедско 4.985 тони , а на овчо месо 5.600 тони. Вкупниот увоз на месо и преработки од месо во 2012 година изнесува 124,6 милиони евра, а извозот 30, 4 милиони евра. Девизниот прилив кој доаѓа од извозот на месни преработки изнесува околу 25 милиони евра. На следниот линк: ХИПОТЕКИТЕ СЕ АКТИВИРАНИ, НА „РИМЕС“ МУ НЕМА СПАС?! Ј.С.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





