Мета на кражби две куќи во Тетовско
Објавено во: Мои пари 04 Јануари, 2014 11:30
Единаесет илјади евра ставени во најлонско ќесе биле украдени ноќеска од куќата на Х.К. од тетовската приградска населба Мала Речица, а од домот на С.Т. од Камењане, пак, биле одземени 300 илјади денари.
Како што информираше портпарол на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, кражбата во Мала Речица била извршена од засега непознати лица во периодот помеѓу 23.30 часот и 2 часот по полноќ. Додека домашните биле во приземјето, сторителите влегле преку прозорец од соба на катот и од простор помеѓу два ормара одзеле најлонско ќесе во кое, според пријавата на сопственикот, имало околу 11 илјади евра. Полицијата извршила увид и работи на откривање на сторителите и на оваа кражба.
С.Т.од Камењане, пак, бил оштетен за 300 илјади денари откако засега непознати сторители синоќа извршиле тешка кражба во неговата куќа во селото, додека немало никој дома, информираше Јосифовски.
Сторителите провалиле во куќата во периодот помеѓу 19 и 20 часот така што го скршиле стаклото од влезната врата, протнале рака, ја отвориле вратата и целосно ги пребарале просториите во објектот. Од регали и комоди во двете спални соби одзеле поголема количина накит, златни лири, алки и бижутерија, по што незабележани од никого избегале.
- По овластување на јавен обвинител извршен е увид, подигнати се траги за вештачење и се трага по сторителите, рече Јосифовски.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




