07 Октомври, 2024
0.0257

Металургијата и натаму е во криза, неопходни се заеднички мерки на Владата и компаниите!

Објавено во: Економија 07 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Интервју со Хуан Педро Хименез Наваро, претседател на Советот на странски инвеститори и  извршен директор на „Арчелор Митал“ – Скопје.

Падот на потрошувачката во секторот на тешката индустрија во овој момент е главна причина за бавното излегување од стагнацијата на светските пазари, пред се западната економија. Кризата ќе потрае и неопходни се заеднички мерки со Македонската Влада што ќе ја одржува кондицијата на металургијата која апсорбира значајна работна сила и има големо учество во создавањето на Бруто општественото производство. Затоа и Советот на странските инвеститори ја подготвуваБелата книга, за нов сет од мерки во економската политика и ефикасноста во администрирањето, што Македонија ќе ја направи трајно привлечна за странски инвеститори што од овде ќе освојуваат трети пазари, вели во интервју Хуан Педро Хименез Наваро, претседател на Советот на странски инвеститори и извршен директор на Арчелор Митал.   

 Фактор: Како мултинационална компанија, како се адаптиравте и како ги совладувате предизвиците на економската криза во САД и во Европа? Дали се неопходни и рационализација на работната сила?  Наваро: Металуршката индустрија се соочува со една од најголемите кризи во својата историја. Сите засегнати страни во индустријата работат на преструктурирање. Понудата на челик во Европа мораше да се приспособи на реалноста на пазарот во криза во изминатите години. Ако земеме предвид дека во последниве неколку години побарувачката падна за 25%, вообичаено се очекува производителите на челик да ги заштитат домашните, односно клучните пазари, но истовремено да го прифатат предизвикот да истражуваат нови пазари каде што имаат компаративна предност.  Преголемиот капацитет и понатаму ќе остане проблем поради бавното закрепнување на пазарот. Во моментов, искористеноста на капацитетот во Европа е 80%, поради што сите чинители мораат да го приспособат производството на побарувачката. Постојано ја оптимизираме нашата работна сила во согласност со нивоата на сите капацитети на „Арчелор Митал Груп“. Отпочнавме програма за доброволен прекин на работното место со соодветна отпремнина, за која досега се пријавија отприлика 100 вработени. Фактор:  Дали Владината економска политика и мерки Ви овозможуваат витална конкурентност на странските пазари? Како гледате на анализите дека металната и челична индустрија не создаваат доволно акумулација и додатна вредност што отвора нови работни места? Наваро: Економските политики и мерки што ги спроведува Владата создаваат одржлива конкурентност за привлекување странски инвеститори. Приоритетот на нашиот Совет на странски инвеститори е да работи врз зголемувањето на конкурентноста и да го подобри процесот на оние места каде што е потребна ефикасност и мерливост на вложениот труд. Не се согласувам со гледиштето дека акумулацијата и додадената вредност се основните двигатели за отворање работни места. Не помало значење има зголемениот обем на прометот и новите производствени линии играат поголема улога во создавањето работни места. Главните теми на кои треба да работиме заедно со Владата и нејзината администрацијата се ефикасно регутирање компетентни човечки ресурси. Не се решени дел од  имотни прашања, ефиксна и сервисна даночна администрација и стимулативни мерки во банкарскиот и финасискиот сектор. Во Советот веќе дискутиравме на овие теми и во оваа фаза треба нашите заклучоци да ги продискутираме со Македонската влада. Фактор: Какви мерки се потребни за развој на индустријата и дали се потценува нејзиниот удел во совладувањето на економската рецесија?  Дали Југоисточна Европа и Балканот се доволно провокативни пазари за инвеститорите од Брикс? Наваро: Според мене, сите макроекономски показатели за Македонија покажуваат дека одлуките кои се донеле се во вистинскиот правец. Така, се согласувам со тоа дека пазарите на Југоисточна Европа, вклучително и на Балканот, се атрактивни. Ова е поради очекуваниот пазарен раст и развој. Тоа е единствениот пат: пазарите треба да се развиваат и да ја следат Западна Европа во сите области, вклучително и челичната индустрија. „Арчелор Митал“  е присутен во регионот со намера и очекување за заеднички раст. Географската позиција на земјата е предност за да се покријат пазарите на Балканот. Покрај тоа, лесниот пристап до Пристаништето во Солун е нашата порта до светскиот пазар. Од друга страна, транспортните трошоци се високи и се предизвик за нашето проширување на некои балкански пазари. Нашата палета на производи неможе лесно и брзо да се приспособува и осовјува нови пазари, новнимателно се следат и побарувачката во побрзо растечките економии во светот. Фактор: Колку Митал инвестираше во модернизација на капацитетите во Скопје и запазување на европските еко-стандарди? Наваро: Покрај тоа, голем процент од трошоците за преструктурирање на производствените фирми се поврзани со цената на енергијата. Секоја нејзина промена директно влијае на нашата конкурентност. Така, стабилната цена на енергијата треба да биде клучниот резултат од соработката меѓу Владата и приватните фирми со цел да се гарантира конкурентноста на целото стопанство. И покрај тоа што цената на гасот се подобри во последниве неколку месеци, сепак е повисока во споредба со цената во соседните земји во кои работат нашите конкуренти. Голем процент од нашето производство, односно 87% е наменето за извоз, па неопходно е да има високо ниво на услуга, за што е потребна добра соработка со македонската администрација. Секојдневно работиме со цел да го подобриме системот. На пример, неодамна го имплементиравме увозот за облагородување со помош на одличната соработка со Царинската управа на Македонија, што навистина ја зголеми нашата конкурентност. Во 2014 година нашите инвестиции ќе се фокусираат на три области: безбедност, заштита на животната средина и активности за унапредување на односите со клиентите. Ова ќе го постигнеме преку воведување соодветни транспортни рути, изградба на пречистителна станица за вода и обновување на електричната опрема на нашата валалница. Постојано инвестираме во модернизација на постројката и работиме во согласност со македонските и европските стандарди. Фактор: Дали Македонија има кадри за иновативна технологија и  производство, успешен менаџмент и какви се вашите искуства во миксирањето на домашните човечки ресурси и менаџерите кои ги бирате и поставувате во бордот на компанијата во Македонија?  Наваро: Македонија има потенцијал за иновативна технологија и кадар за производство. Еден од предизвиците во врска со кадарот за нас е недостигот на стручни лица на пазарот на трудот, поради што имаме меѓународни програми на коишто се потпираме кога е неопходно. Во однос на успехот на менаџментот, во „Арчелор Митал“ - Скопје се залагаме за локализирање на менаџментот со помош на програми за здружување и менторство за меѓународни и локални стручњаци и унапредување на еднаквата застапеност на мажите и жените во менаџерскиот тим.  Во моментов, Управниот одбор на „Арчелор Митал“ - Скопје има шест члена, од кои три се стручни лица од земјава, а од нив две се жени. Г.Ч.  

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип