Мицкоски: Ахмети ми рече дека ќе преговара со Заев
Објавено во: Македонија 11 Август, 2020
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека имал само куса средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на која добил одговор дека „Интегративците“ ќе преговараат со СДСМ.
„Минатата недела во Собранието имав едночасовна средба со Али Ахмети, на која ме информираше дека ќе отпочне преговори со СДСМ затоа што таа партија победила во македонскиот блок, иако јас му реков дека СДСМ не е победник во македонскиот блок и му посакав среќа“, рече Мицкоски на средбата со новинарите.
Мицкоски на Ахмети му рекол дека ВМРО-ДПМНЕ има 40 свои пратеници во Собранието додека СДСМ само 32 мандати на народни избраници кои се матични членови на владеачката партија.
„Останатите 45 минути од разговорот со Ахмети беа теми од сосема поинаков карактер“', додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.