Мицкоски: Ако се вистина најавите за отфрлање на иницијативата за референдум, власта уште еднаш покажува дека бега од соочување со народот
Објавено во: Македонија 11 Септември, 2022 19:34
Ако е вистина, уште еднаш власта покажува страв, уплашени се, бегаат од народот, бегаат од предвремени избори, бегаат од референдум и навистина не знам дали го заслужуваат епитетот да бидат Влада бидејќи еднинствено нешто од што не бегаат е криминалот, кражбата и тендерите во четири очи, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање околу најавите дека власта ќе ја отфрли иницијативата за референдум.
Мицкоски додаде и дека доколку се случи иницијативата за референдум да биде отфрлена, власта жртвува дополнително влошување на односите со опозицијата, а единствен одговорен за тоа ќе биде Владата.
-Ако тоа навистина така се потврди, тогаш жртвуваат дополнително влошување на односите помеѓу Владата и опозицијата и предупредувам дека единствен одговорен за тоа ќе биде Владата во овие тешки времиња бидејќи не покажива демократски капацитет, потенцираше Мицкоски вечерва во Кавадарци.
Тој сепак остави простор дека најавите за отфрлање на иницијативата за референдум ќе испаднат дека се само шпекулации и Парламентот ќе дозволи да се соберат потписите за народот да одлучи на референдум.
-Стравот е едно, а соочувањето со народот е друго. Ние треба порано или подоцна да се соочиме со народот како политичари. Ова беше одлична можност заедно со референдумот да се организираат и предвремени парламентарни избори, но сепак еве оставам да ова биде шпекулација, да не е вистина и да Парламентот, односно спикерот најпрвин дозволи да се соберат тие 150 илјади потписи, а потоа да се оди на референдум па народот нека одлучи, истакна Мицкоски.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




