Мицкоски: Човекот кој зема плата од нас рече дека сме биле искомплексирана нација
Објавено во: Македонија 05 Декември, 2018 19:14
Слепи се за целиот криминал, за целиот грабеж, за сите договорени судски случаи, за целокупниот прогон. И додека тоа се случува, без срам и перде ја прекрстуваат нашата земја, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Вели дека овој народ нема никогаш да го прифати тоа, и тоа го покажал на референдумот.
„Ви кажаа дека не се за менување на името, а вие тргнавте да го прекстите народот, да им го земете идентитетот. И тоа не ви беше доволно, па ја крстивте нација со комплекси. Замислете, излезе човекот кој зема плата од нас, кој денеска ги користи сите привилегии и ни рече дека сме биле искомплексирана нација. Не сме ние господине Димитров нација со комплекси, туку со цел и достоинство, и ти ветувам дека еден ден ќе се извиниш за ова што го кажа“, рече Мицкоски.
Вели дека има монтирани судски случаи, и дека ќе дојде ден кога ќе бидат признати тие нарачки.
фото ТВ 21
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




