МИЦКОСКИ ДО ЈОТОВА: Да дозволат на македонската заедница барем да се организира во невладини организации
Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2024
Oткако бугарската потпретседателка Илијана Јотова ги повика македонските колеги кога ги читаат, подобро да ги разбираат европските вредности, бидејќи Бугарите, како што вели, никогаш не биле воспитувани да ги навредуваат соседите, на нејзината изјава одговори премиерот Христијан Мицкоски.
Мицкоски ја посоветува Јотова истите совети да ги упати дома, со оглед дека Софија не почитува бројните пресуди од Судот за човекови права во Стразбур, и не и дозволува на македонската заедница ниту да се организира во невладини здруженија.
„Јас би сакал да ја упатам госпоѓата овој совет да го даде и кон тие земји членки којшто треба конечно да ги почитуваат и којшто се спречени пред можни санкции за почитување на човековите права. Имаме 14 пресуди за македoнската заедница во Бугарија. Ги повикувам истите овие кои што нас ни даваат совети, да ги советуваат и бугарските власти, да ѝ дозволат на македонската заедница барем да се организира во невладини организации. Не бараме да бидеме дел од Уставот, туку да се организираат во невладини организации“, кажа Мицкоски.
На Македонците во Бугарија им е забрането да го одбележат Кресненското востание.фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.