Мицкоски: Извештајот на ГРЕКО е признание за напорите на Владата во борбата против корупцијата
Објавено во: Македонија 15 Јули, 2025 12:51
Кога ја презедовме одговорноста да ја водиме државата, најдовме
институции заглавени во мрежа од злоупотреби, клиентелизам и системска
корупција. Корупцијата не беше појава - беше правило, а правдата беше
селективна. Владата беше сервис на моќни интереси, а не на граѓаните.
Тоа беше сликата која ја наследивме, рече премиерот Христијан Мицкоски на денешата седница на
Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против
тероризам.
„И затоа, една од првите и најрешителни борби што ја започнавме беше токму борбата против високата корупција. Во таа борба, денес имаме и прва поголема потврда од меѓународната заедница. По години на институционален мрак, извештајот на ГРЕКО објавен вчера е сигнал дека Македонија се движи напред, кон систем што функционира“, посочи Мицкоски.
Тој рече дека ГРЕКО потврди дека Македонија ја напушта ерата на селективна правда и политичка недопирливост.
„Со затворањето на постапките за усогласување, Групата на држави против корупција на Советот на Европа испрати јасна порака: дека постојат видливи резултати, конкретни подобрувања и силна политичка волја за прекин со старите практики. Ова не е само административно признание - ова е институционална пресвртница, рече премиерот.
Според него, првпат по долго време, државата не е предмет на критика, туку на признание за сериозен напредок во борбата против корупцијата.
„Тоа ни дава поттик, но уште повеќе носи одговорност. Борбата против корупцијата не е декларација туку системска промена што сега добива и меѓународна потврда“, кажа премиерот на седницата.
Мицкоски смета дека работата на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам има особено значење за стабилноста, безбедноста и отпорноста на државата.
„Денешната седница ја третираме не само како координациска, туку како суштинска точка во еден поширок напор: напор да создадеме систем што ќе ги препознава ризиците на време, ќе реагира ефикасно и ќе обезбеди долгорочна заштита на граѓаните. Насилниот екстремизам и тероризмот не се само закани по безбедноста- тие се индикатори на подлабоки слабости во системот. И затоа борбата со нив не може да биде изолирана, туку мора да се води паралелно со јакнење на институциите, на правната држава и на јавната доверба“, рече тој.
Вели дека екстремизмот, радикализацијата и насилството често цутат таму каде што државата е слаба, а институциите се корумпирани и затоа, додаде, нашата стратегија е јасна - градење на сигурна држава, со функционални институции, професионална полиција и отпорно општество.
„Овој Комитет не е симболичен, туку оперативен инструмент. И очекувам од сите учесници, безбедносни, општествени, образовни и локални да дејствуваат координирано, без одлагање и без калкулации. Продолжуваме со иста сериозност, без еуфорија, но со целосна трезвеност. Затоа што борбата за стабилна, сигурна и правична Македонија не се добива со зборови, туку со дела“, додаде премиерот во обраќањето на седницата.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




