Мицкоски: Јаким Неделков стана коалиционен партнер на власта
Објавено во: Македонија 29 Април, 2022 12:43
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешната посета во Штип рече дека претседателот на СОНК, Јаким Неделков, станал коалиционен партнер на власта по ставањето на штрајкот на просветните работници во мирување. Тоа, според првиот човек на најголемата опозициска партија, покажува дека синдикалниот лидер не е под влијание на ВМРО-ДПМНЕ.
- Најпрвин велеа пионот Јаким Неделков на Мицкоски, на ВМРО-ДПМНЕ, па потоа откако гледам дека Јаким Неделков сега стана нивен добар коалиционен партнер, он си знае зошто и како, се завртеа спротивно на интересите на наставниците па почнаа нив да ги навредуваат и да велат - дека тие биле што сакале да предизвикаат криза, да имало избори за ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
Додаде дека неговиот избор секогаш ќе бидат наставниците наспроти, како што вели тој, корумпираната влада.
-.Велат сето било организирано од ВМРО-ДПМНЕ за да падне Владата. Еве и да падне, ако е добра, ќе победи на избори. Но, грчевито се борат за своите фотелји и привилегии. Тие во Владата се тие што треба да изберат каков крај ќе имаат - достоинствен или недостоинствен, заклучи Мицкоски.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, вчера по итниот состанок на Советот на СОНК, на прес конференција соопшти дека штрајкот на вработените во образованието го ставаат во мирување.
Како што рече тој, денеска Советот на СОНК расправал во врска со добиеното известување од Министерството за образование и наука, по што се консултирале со правници.
„Од денеска генералниот штрајк се става во мирување. Ова е само почитување на законот“, истакна Неделков, истовремено нагласувајќи дека ако нема решение, штрајкот повторно ќе стане активен.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




