Мицкоски конечно пред јавноста по парламентарните избори: ВМРО-ДПМНЕ ќе преговара за составување на Влада
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2020
Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска попладне за прв пат излезе во јавноста по вчерашните изборни резултати и рече дека најголемата опозициска партија го има кредибилитетот затоа што, како што вели тој, освоила за 10 до 12 илјади гласови повеќе од СДСМ доколку не се смета предизборната коалиција со БЕСА.
Сепак, како што кажа Мицкоски, нема намера да преговара со луѓе осомничени за криминал, без да каже кои се тие.
Со луѓе осомничени за криминал немам намера да преговарам. Кредибилитетот за составување на Влада го има ВМРО-ДПМНЕ. Но, да почекаме да видиме како ќе се одвива процесот. ВМРО-ДПМНЕ има два мандати повеќе од СДСМ без коалицијата, рече Мицкоски.
Тој најави дека ќе се водат преговори со сите политички субјекти, но дека нема да дозволи тие да се одвиваат „под диктат“.
- За тоа што ќе се случува понатаму, има многу математики. Времето дава одговори на многу прашања, додаде тој.
Мицкоски рече дека неговата партија нема да бара одговорност од претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, откако вчера падна сајтот кој ги прикажува изборните резултати.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.