Мицкоски: На Заев не му е за НАТО, туку страв од пораз
Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2019
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска од Куманово рече дека не му е јасно зошто премиерот Зоран Заев постојано го менува ставот околу датумот за предвремените парламентарни избори на 12 април кога и самите експерти кои биле на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, како што вели тој, рекле дека Собранието повторно може да се собере за да го ратификува примеот на земјата во НАТО.
– Оваа тема ја разговараме и на состанокот кај Пендаровски, таму имаше преставници од неговиот кабинет, универзтитетски професори кои дадоа толкување дека во минатото имало пракса кога ќе се распушти Собранието, да се собере. Јас не го зборував тоа, тие го зборуваа, така што побарајте толкување од таму, побарајте сведоштво од таму, што беше разговарано и што беше од нивна страна дадено како совет. Сите политичари, претседатели на политчки партии кои што беа дел од тој состанок тоа го слушнаа и сите беа сведоци на тоа, така што навистина јас овие осцилации не можам да ги разберам. Вака не може сериозно да се однесуваме и да бараме сериознот од останатите субјекти во државата. Ние мора да покажаме сериозност барем сега кога има предуслови за таква сериозност, а тоа беше последната лидерска средба – изјави Мицкоски.
Тој рече дека за ВМРО-ДПМНЕ останува 3 јануари како датум за формирање техничка Влада и 12 април 2020 за предвремени парламентарни избори. Од Куманово побара да не се делегитимира договореното на лидерската средба и Заев да не дава изјави со осцилации во ставовите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.