28 Април, 2024
0.0284

Мицкоски не сака веднаш избори, бара техничка влада, иако нема времe за тоа

Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата на ТВ Алфа „Отворено“, побара именување на нов јавен обвинител, кој би бил „вистински независен“. Говорејќи за полнење на гласачки кутии на повеќе избирачки места во Македонија, Мицкоски обвини за кражба на најмалку 50.000 гласови, нешто што, според него, ако остане неистражено, девијантните појави ќе продолжат и во наредните изборни процеси. 

„Ќе мора некој вистински независен јавен обвинител да се позанимава со ова. Ете, гледате, по сите индиции нема никаква реакција од Јавното обвинителство“, рече Мисцкоски. 

Во интервјуто посочи само неколку, од како што кажа, многуте примери.

-Во Грушино, Арачиново просечно на претходните избори излегувале 40% од вкупниот број регистрирани гласачи. А вчера излегле повеќе од 88%. Она што е симптоматично е што тие наеднаш добиле желба да излезат и да гласаат и тоа во периодот помеѓу 17 и 19 часот. Па од 38% излезност во 17  до 19 часот имало над 80%, што значи дека на секои 15 секунди гласачите го оствариле своето право на глас, вели Мицкоски

Според Мицскоски сличен е примерот и со Зајас.

-Таму во просек на претходните избори, излезноста била 40% а на референдумот била 80%. И тоа исто, симптоматично желба за гласање добивале од 17 до 19 часот, или гласал по еден гласач на секои 20 секунди. Ист е случајот и со Шишево каде од 17 до 19 часот се гласало на секои 15 секунди, вели Мицкоски.

Според нивната анализа, Мицкоски појасни дека се покажало оти повеќе од 50 000 гласови биле насилно и девијантно полнети во избирачките кутии.

Според него, процесот со договорот е и де факто и де јуре завршен. Во врска со евентуалните предвремени парламентарни избори, Мицкоски рече дека мора да се испочитува постоечкиот закон и најпрвин да се оформи техничка влада 100 дена пред изборите. Нашата цел, продолжи тој, не се предвремени избори, но граѓаните одлучија по своја воља и нема простор за импровизации. 

„Заев ќе добие „црвен картон“ и на обични и на предвремени избори. Ако дојде до избори, ние сме тука и заедно со народот жестоко ќе ја поразиме таа опција и ќе го пратиме Заев во политичка пензија“, рече Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица

МАПАТА НА ТОПЛОТНИТЕ АНОМАЛИИ ПОРАЧУВА: ЛЕТОТО ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО - подгответе се за екстремни појави

МАПАТА НА ТОПЛОТНИТЕ АНОМАЛИИ ПОРАЧУВА: ЛЕТОТО ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО - подгответе се за екстремни појави

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба