20 Декември, 2025
0.0519

Мицкоски нуди две опции до Владата за да нема криза -што бара од Заев?

Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2018 13:34

Добивај вести на Viber

„Заев веќе нема кредибилитет и легитимитет за позицијата што ја врши, договорот е мртов а тој се удри во ѕид“ , истакна опозицискиот лидер Христијан Мицкоски на прес конференцијата на која се обрати до македонската јавност истакнувајќи ги уште еднаш своите ставови и предлози кои опозициската партија ги нуди за излез, како што кажа, од оваа политичка криза. 

Тој најпрво го обвини премиерот Заев дека дејствувал нечесно, истакнувајќи дека нанесува трајна штета за преговарачките позиции на Македонија и ја туркал земјата кон меѓународно бламирање.

„Договори договор без консензус лажно ветувајќи дека ќе исполни нешто што не може да исполни, манипулирајќи ги и меѓународните партнери, заедница, дека ова може да помине кај граѓаните притоа организирајќи масовна медиумска кампања, која требаше да ги покри сите слабости на договорот кои народот не ги проголта. Се злоупотреби и евроатлантската аспирација но народот сфати дека на масата каде се носат одлуките не е дали ќе станеме членка на НАТО и ЕУ туку дали ќе се себепреименуваме, ќе ги преименуваме нашите деца и нашите поколенија притоа ќе го загубиме трајно нашиот идентитет без да добиеме нешто.

И покрај притисоците и заканите, полнењето на кутии, власта не успеа да ги изманилпулира граѓаните и покажаа државотоврност кон својата земја“, посочи Мицкоски додавајќи:

„Резултатот од референдумот со сите свои аномалии покажува дека народот си ја одбрани и зачува татковината. Никако не може да се игнорира волјата на повеќе од милион и двестотини граѓани кои беа против договорот.

Неуспешниот референдум е порака не само дека договорот не проаѓа туку и дека криминалиите не смеат да продолжат, исто како и аферите и тендерите“-рече Мицкоски.

Тој додаде:

„Народот испрати сериозна порака дека Зоран Заев не може да биде повеќе премиер и треба да се повлече. Овој договор не поминува, не дека ВМРО ДПМНЕ води инает или води непринципелни барање туку Власта треба да знае и да расчисти дека народот не го прифаќа.

Ваква слепа улица во која не дотурка власта треба да се отвори а Македонија треба да има излез не заради Заев, кој станува минато туку поради иднината на земјата.

Нова криза ќе удри врз кревката економија, бизнисот ќе трпи а сиромаштијата ќе се зголемува. Затоа има две опции“-рече уште Мицкоски.

За да се излезе од оваа криза Мицкоски нуди две опции.

Првата како што рече се избори кои за да се случат мора да има техничка Пржинска влада, содржински каква што имаа СДСМ пред изборите во 2016та.

„Затоа што е потребно да се создаде атмосфера на фер изборен процес кој во овој момент поради насилието од власта ја нема .

Второ барање е јавен обвинител кој на предлог на опозицијата и собраниска комисија која ќе ги разгледала референдумските процеси за да истите , како што рече не ни се повторат на предизборието и за време на гласањето“, кажа лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Првиот опозиционер ги отфрли барањата за амнестија и рече дека не преговарал ниту барал нешто такво.

Втората опција која ја нудам е Заев веднаш да се откаже од договорот, па ајде да одиме на избори и народот да одлучи. После завршувањето на мандатот на политилизираното Јавно обвинителство, формиње на обвинителска институција која ќе го испита целиот криминал и сите сомнежи околу референдумското изјаснување. Со тоа ќе ставиме крај на сомнежите еднаш засекогаш и ќе го осудиме криминалот. Еве шанса Владата да докаже дека нема никаков криминал“, рече Мицкоски на денешната прес-конференција.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки