19 Декември, 2025
0.0431

Мицкоски од Лидерскиот самит во Скопје: Западен Балкан повеќе не е чекална, туку регион што се развива

Објавено во: Македонија 01 Јули, 2025 11:41

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на отворањето на лидерскиот самит ЕУ – Западен Балкан, посветен на европскиот План за раст, порача дека силата на регионот лежи во обединетоста, стабилноста и заедничката визија за интеграција во Европската Унија и додаде дека регионот повеќе не е „чекалница“.

- Овој Самит е посветен на заедничка визија, визија во која се зголемуваат инвестициите, иновациите цутат, а интеграцијата создава можности, кои се достапни за сите, визија во која Западниот Балкан повеќе не е чекална, туку регион кој се движи, расте и еволуира. Како Влада оваа визија не води во секој чекор што го правиме, во нашите заеднички реформски напори и регионалната соработка, рече тој.
Премиерот нагласи дека Македонија е првата земја од Западен Балкан што го финализирала договорот за предфинансирање во рамки на Планот за раст – сигнал за довербата што земјата ја ужива на патот кон ЕУ.

- Нашата сила е во обединетоста – преку зајакнување на односите со соседите и ЕУ, отворање нови пазари, работни места и пријателства, укинување на трговски бариери и зголемување на инвестициите“, рече Мицкоски, истакнувајќи дека овој самит претставува можност за проценка на досегашниот напредок и дефинирање на наредните чекори, порача Мицкоски.

Тој додаде дека интеграцијата мора да се почувствува од граѓаните – во секојдневниот живот, во институциите и во деловното работење.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос, на воведното обраќање на Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан за развојниот план, рече дека регионот од секогаш и бил драг, и дека сака да помогне Македонија да дојде до целта и да ги почне преговорите со ЕУ.

„Можам да се разнежнам кога зборувам за Западен Балкан, затоа што регионот ми е драг. Знам дека клучните реформи што ги бараме од вас не се едноставни. Тиа задираат закоравени структури на моќ, интереси и на многу начини бараат длабока општествена трансформација. Затоа вие лидерите сте потребни да ја водите оваа промена. Затоа што ве уверувам дека вреди. Бенефитот е многукратен, стабилност, безбедност, просперитет за сите граѓани“, рече Кос.

Албанскиот премиер Еди Рама, нагласи дека никогаш не сме биле поблиску до ЕУ. Тој рече дека има позитивна атмосфера, и додаде дека сите обврски ќе бидат исполнети во предвидените рокови заедно со Европската комисија.

„Никогаш не сме биле поблиску до остварување на вековна аспирација. А од друга страна, ми е мило што има генерално позитивна атмосфера во овој поглед. Многу сме блиску. Никогаш не сме биле поблиску и цврсто верувам дека ќе ги исполниме сите наши обврски како што ги предвидовме роковите со Европската комисија и заедничкиот план ќе биде целосно реализиран“, изјави албанскиот премиер Еди Рама.


Можеби ќе ве интересира

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните