МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси
Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2025 16:49
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска во Вашингтон во САД имаше повеќе средби со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.
Мицкоски имаше вечера со Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација, Џон Битов - американски бизнисмен со македонско потекло, сопственик на повеќе мултимилионски компании, Марко Галина бизнисмен и одговорен за МАГА во Португалија и Крис Павловски, сопственик на „Рамбл“ групацијата.
На средбата разговарале за конкретни проекти од областа на економијата, можностите за инвестирање и продлабочена соработка помеѓу двете држави.
„Разговаравме за можноста за инвестиции во Македонија, за конкретни проекти од бенефит за граѓаните. Меѓудругото ги посочив напорите кои Владата ги дава за стабилизирање на економијата, рекордот кој го остваривме во привлекување на инвестиции во државата и поволностите кои се нудат. Воедно ја искористив можноста за лобирање за македонските интереси и позиции во однос на клучните прашања за нас. Станува збор за високо позиционирани луѓе во американското општество со можност за влијание на прашањата важни за нас“, изјави Мицкоски.
Меѓудругото Претседателот на Владата Мицкоски учествуваше и на прединагурациската свеченост МАГА- бал кој се приредува од поддржувачите на американскиот претседател Доналд Трамп.
Таму претседателот на Владата Мицкоски оствари разговори со повеќе високо етаблирани активисти и поддржувачи на американскиот претседател, како што е новинарите и медиумските личности Такер Крлсон, Мегин Кели и со Патрик Бет Дејвид бизнисмен и сопственик на американскиот култен бејзбол клуб Њујорк Јенки.
За средбата со еден од највлијателните американски новинари Такер Карлсон, Мицкоски истакна дека тоа можност за размена на мислења и ставови за државата и регионот.
Воедно за средбата за спортскиот гигант Патрик Бет Дејвид премиерот Мицкоски истакна, спортот знае да обединува. Добра прилика за размена на ставови за спортот и она што преставува пасија за многу луѓе.
Мицкоски денеска се сретна и со Ричард Гренел, нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика.
Можеби ќе ве интересира
Нема фрлање смет од 22 навечер до 6 наутро, Град Скопје донесе забрана
Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот - обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции!
Филков: Секој потрошен денар во судството мора да биде оправдан со резултати
Блерим Беџети: Кривичната пријава против мене е за да ме придобијат во мнозинството
Коцевски: Еден примерок вештачење на сомнителниот мазут чини 1.500 евра, а треба да провериме 300
ОЈО БАРА ПРИТВОР ЗА СКОПЈAНЕЦ КОЈ НАПАДНА 12 ГОДИШНО ДЕТЕ - го пресретнал на булевар и без причина го удирал со тупаници и клоци по лице и тело
ЦАРИНАТА ЗАПЛЕНИЛА 2.500 ИНФУЗИСКИ МЕДИЦИНСКИ СЕТА: Игли, шприцеви, канили и системи за инфузија
Судиите со отворено писмо до Мицкоски: Вашите коментари ја преминаа границата
ЕВЕ КОЈ ЌЕ ЈА ВОДИ КОМУНАЛНА ХИГИЕНА: Драги Митковски ќе седне на директорското столче





