18 Декември, 2025
0.3475

МИЦКОСКИ OДИ ВО БРИСЕЛ: Сакаме фрустрацијата која ја чувствуваат македонските граѓани да ја пренесеме таму

Објавено во: Македонија 18 Септември, 2024 17:19

Добивај вести на Viber

Во Брисел ќе ја пренесам фрустрацијата на граѓаните, вели премиерот Христијан Мицкоски. 

Пред утрешната средба со претседателката на Европската Комисија(ЕК), Урсула Фон дер Лајен во Брисел, премиерот  вели дека целта на посетата е Планот за раст, а не разговори за деблокирање на европската интеграција. 

„Како што беше и во минатото кога бевме опозиција, така и сега како влада, сега дури имаме и повеќе аргументи, сакаме да ги претставиме аргументите, сакаме фрустрацијата која ја чувствуваат македонските граѓани да ја пренесеме таму, бидејќи таа е голема, огромна би рекол, бидејќи повеќе од две и пол децении откако го почнавме овој наш пат кон Европската Унија, повеќе од деценија и пол откако го добивме првиот позитивен извештај од страна на Европската Комисија за започнување на овие преговори, ние не сме во можност да почнеме. Не заради тоа што не ги почитуваме копенхагеншките критериуми, не затоа што не сме љубители на европските вредности туку затоа што има вештачки наметнати пречки коишто ниту еден народ, ниту една држава ги немала, како што ги имаме ние“, рече Мицкоски.

За тоа дали на средбата со Фон дер Лајен ќе стане збор за уставни измени со одложени дејство, Мицкоски рече дека не би сакал да коментира, но и дека се јасни позициите на Владата по ова прашање.

„Доста беа порази, доста беа политики и дипломатија на свиткана кичма и на бакнување на чевли. Сега имаме политика и дипломатија, која што се темели на двонасочна улица. Сакам да збориме за вредности, за почитување на човекови права и да знаеме ако го отпочнеме, како што ни беше ветувано во таа 2018 година за три, четири, пет години максимум, ќе го завршиме тој пат и ќе бидеме членка на Европската унија“, додаде Мицкоски.

Во Брисел оди и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој пак ќе одржи средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Македонија треба да ги внесе Бугарите во Уставот за да продолжи по европскиот пат. 

Бугарија до партнерите се жали дека Македонија провоцира. 

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми