Мицкоски: Одлуката на Народна банка е показател дека ја водиме економијата како што треба
Објавено во: Економија 21 Септември, 2024
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Кавадарци, коментирајќи новинарски прашања, рече дека одлуката на Народна банка да ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни пеони е показател дека новата власт правилно ја движи економијата.
- Дозволете да ја споменам одлуката на централната банка да ја намали референтната каматна стапка. Тоа значи дека полека но сигурно, во овие два-три месеци, за помалку од 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, состојбата се стабилизира, надежта се враќа, економијата заживува и тоа ние најдобро го гледаме преку овие индикатори, рече Мицкоски и додаде дека очекува Народна банка и понатаму во континуитет да ја намалува каматата.
Народна банка одлучи дека ќе ја намали каматната стапка на благајничките записи за 0,25 проценти поени. На последната седница на Извршниот одмор на Народна банка било оценето дека најновите услови во економијата овозможуваат да се почне со постепено претпазливо нормализирање на поставеноста на монетарната политика. Следствено, беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се намали на нивото од 6,05 отсто. Каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена се непроменети, на нивоата од 4,20 проценти и 4,25 отсто, соодветно.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.