Мицкoски: Ова не е само напад врз ВМРО-ДПМНЕ, ова е напад врз слободата
Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2018 23:24
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоско вечерва преку својот Фејсбук профил ја обвини власта дека прави политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ.
Господа од власта кого залажувате и пред кого правите евтин театар сега кога на чиста правдина го посочувате прстот во ВМРО-ДПМНЕ дека наводно крие некого, лажно без аргументи, праша тој.
„Ова не е само напад врз ВМРО-ДПМНЕ, ова е напад врз слободата, врз главната опозициска сила, врз критичката мисла, каква не познава модерна Европа и пошироко во Светот. Зарем лицето по кого со години водите политичка хајка, фрлате со дрва и камења и кого го третирате за државен непријател сакате да кажете дека не знаете каде се наоѓа? Како кога до вчера, исто како него, сите нас не следите, се заканувате, претите. Како водач на ВМРО-ДПМНЕ немам намера да се жалам и правдам, ниту да се прикажам за жртва, бидејќи јас чувствувам само мал дел од она што стотици, илјадници граѓани го чувствуваат секој ден. Велите дека сте победиле режим, а по што се разликувате од она што толку драматично го опишувавте дека сте се бореле против. Па вие сте тој режим и хунта која слободата ја ограничува. Приберете ги вашите партиски силеџии од СДСМ со полициска значка, нивниот срам е и ваш срам. Сакате да не понижите, да не прикажете за злосторничка дружина, за криминалци, ние кои ја кажуваме вистината. ВМРО-ДПМНЕ е и ќе остане да биде последниот бастион на слободата и критичката мисла. Тврдина на народот кој ја сака оваа земја. Можете да забраните да говориме, да забраните да дејствуваме, но не може да ни го забраните ВМРО затоа што тоа му служи на народот, а јас сум прв повикан да им служам и да ги чувам тие 4 свети букви.Македонија ќе победи. Колку повеќе ќе притискате толку повеќе ќе губите. Нема да не исплашите, ниту поколебате“, напиша тој.
На крај порачува дека ќе ги победат затоа што љубовта кон земјата вели е посилна од нивната злоба.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




